Сигурно не го знаевте ова: 10 факти што звучат неверојатно

Повеќето работи што сте ги научиле на училиште сигурно испариле од вашата меморија. Но, сигурно нема да се случи истото со следниве 10 интересни факти бидејќи тие звучат толку неверојатно што можеби ќе помислите дека се измислици.

Сигурно не го знаевте ова: 10 факти што звучат неверојатно

1. За време на Втората светска војна, сите патокази во Велика Британија биле отстранети, така што во случај на инвазија, непријателските сили ќе бидат изгубени.

2. На крајот на 19-тиот век се продавале кади што се нишаат, што наводно симулирале искуство со пливање во море.

3. Човечките очи малку пожолтуваат со текот на годините и затоа небото изгледа сè помалку сино како што стареете.

4. Во индиското село Конгтонг, децата не се нарекуваат според своите имиња, туку според своите уникатни мелодии.

5. Орангутаните ги бркаат ѕверовите правејќи звуци што потсетуваат на звукот на бакнеж.

6. Ако ставите една таблета вијагра во вазна со цвеќиња, цвеќето ќе остане свежо двојно подолго.

7. Првиот модерен елек отпорен на куршуми е направен во средината на 1970-тите во Америка од Ричард Дејвис, поранешен сопственик на пицерија, кој еднаш се нашол среде пукање додека превезувал пица.

8. Портокаловите моркови станале доминантни дури во 17-тиот век. Пред тоа, тие биле рамноправни со виолетовите, црните, жолтите и црвените моркови.

9. Спартанците ги бришеле рацете со сирово тесто по оброкот.

10. Научниците откриле како да ја претворат крвната група А во крвна група 0 и со тоа да ја направат употреблива за трансфузија кај сите луѓе.

Прочитајте ги и овие 13 факти за животните што ќе ве зачудат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар