Интересни факти за најпознатите композитори на класична музика

Интересни факти за најпознатите композитори на класична музика

Моцарт, Бах, Хендел, Вивалди, Чајковски… се познати како најголеми музички генијалци, па дури и ден-денес се краде од нивните дела. Напишале илјадници опери, валцери, полонези и ако мислите дека не знаете ниту една песна од некој од нив, голема е веројатноста дека се лажете. Тие дела се буквално насекаде околу нас. Но и тие, покрај сè, биле само луѓе. Имале љубовници, нереални стравови, комплицирани карактери и околу нивните биографии се врзани чудни и интересни приказни.

Интересни факти за најпознатите композитори на класична музикаЈохан Себастијан Бах е германски композитор и органист кој творел во периодот на барокот. Toj е меѓу најплодните од сите големи композитори – за 65 години направил околу 1.200 музички дела и 20 деца. Марија Барбара му е прва жена и втора братучетка истовремено. Се претпоставува дека добар дел од делата на Бах се всушност напишани од неговата втора жена Ана Магдалена, која притоа нашла време да му роди и 13 деца. Форензичарска  реконструкција на лицето на Бах покажала дека тој имал огромна брада и подбрадок, а на големата глава кратка седа коса.

Георг Фридрих Хендл ја напишал операта „Александар“, а неговата композиција „Сарабанда“ е клучна тема во филмот „Бери Линдон“ на Стенли Кјубрик. Пред да умре го изгубил видот од катаракт или народски кажано „старечко перде“.

Антонио Вивалди е венецијански композитор,Интересни факти за најпознатите композитори на класична музика виртуоз на виолина и свештеник. Антонио е често италијанско име и означува „првороден“, што е комплетно во контекст со ситуацијата во семејството Вивалди – барокниот музичар бил најстар од деветте деца. Бил вообразен и арогантен. Вивалди тврдел дека тој може да искомпонира концертот побргу отколку што е потребно да се ископира. Најпознато дело му е „Четири годишни времиња“ или во оригинал Le quattro stagioni – исто како и популарниот тип на пица. Го викале Црвениот свештеник затоа што косата му била исклучително црвена. Од еден до два отсто од популацијата има таква боја на косата. Друштво во групата црвенокоси му прават и Ленин, Черчил, Клеопатра, Марк Твен.

Волфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор и истовремено еден од најпознатите композитори на класична музика. Умрел на 35 години, а постојат повеќе теории околу неговата смрт меѓу која и тоа дека го отрул својот колега Антоние Салиери. Сепак, ова е најверојатно невистинито затоа што симптомите не се совпаѓале со труењето. А Салиери длабоко погоден од обвинувањата подоцна доживеал нервен слом.

Интересни факти за најпознатите композитори на класична музикаРичард Вагнер е германски композитор, диригент, кој творел во периодот на романтизмот. Ја напишал најдолгата опера во светот, која трае повеќе од 18 часа. Бил познат антисемитист и омилен композитор на Хитлер. Покрај Вагнер, на плејлистата на нацистичкиот диктатор се и Бетовен, Моцарт и Антон Брукнер. Втората жена на Вагнер е ќерката на Франц Лист. Американците се венчаваат со музиката на Вагнер и со неговото дело „Свадбениот марш“.

Петар Илич Чајковски е руски композитор од периодот на романтизмот. Пред комплетно да се посвети на музиката, работел како службеник во министерство за правда. Ги напишал делата „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“. Се смета дека имал хомосексуални тенденции. Една од шпекулациите околу негова смрт е дека се отрул со арсеник.Интересни факти за најпознатите композитори на класична музика

Игор Стравински е руски композитор кој има и своја ѕвезда на холивудската патека на славните. Барајте ја на 6340 Холивуд булевар. Бил низок и не многу привлечен човек, но успеал во кревет да однесе многу жени меѓу кои и модната икона Коко Шанел.

Списанието „Тајм“ го избра за еден од 100-те највлијателни луѓе на минатиот век, заедно со Опра Винфри, Стивен Спилберг, Арета Френклин, Винстон Черчил… И Коко Шанел е на истата листа. Постхумно доби и „Греми“ за животно дело. Стравински бил и познат хипохондрик. Откако на еден од неговите синови му било извадено слепото црево, Стравински го направил истиот зафат и на себе.

Интересни факти за најпознатите композитори на класична музикаФредерик Шопен е полски композитор и пијанист. На седум години ги искомпонирал првите две полонези, а веќе на 10 години професорот по пијано му кажал дека нема на што повеќе да го научи. Имал исклучително добра смисла за хумор. Одреден период носел брада само на една страна од лицето. Умрел на само 39 години, а погребан е на гробиштата „Пер Лажез“ во Париз каде што се и Џим Морисон, Оскар Вајлд и Едит Пјаф. Најмногу го ужасувала помислата дека може да биде закопан жив.

Карл Орф е германски композитор кој творел во 20 век. Неговото најпознато дело „Кармина бурана“ е искористена во филмови, на пример, во хоророт „Деца на пченките“ и во „Родени убијци“. Се женел четири пари, а го опишуваат како вечен адолесцент – себичен и неодговорен.

Џорџ Гершвин е американски композитор кој во своите дела правел фузија на модерни жанрови со класика. Во Македонија неговото најпознато дело често го преведуваат како „Рапсодија во сино“, но поправилен превод на името е „Тажна рапсодија“. Весникот „Гардијан“ проценува дека Гершвин е најбогатиот композитор во историјата на музиката. Сите пари ги наследила мајка му.

Јохан Штраус е австриски композитор кој бил познат како „крал на валцерите“. Негово најпознато дело е „На убавиот син Дунав“. Композиторот бил инспирација за режисерот Алфред Хичког, за Волт Дизни, а се јавува како спореден лик и во делото „Мајсторот и маргарита“ на Михаил Булгаков.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ангелина Reply

    Убаво е да се прочитаат вакви факти, но морам да забележам дека “Свадбениот марш” е дело на Феликс Менделсон, а не на Вагнер.

    • Кафе пауза Reply

      Aнгелина, овде не се мисли на истоименото дело од Менделсон. Еве го објаснувањето: http://en.wikipedia.org/wiki/Bridal_Chorus

  2. frosina Reply

    se soglasuvam so angelina.svadbeniot mars sto go imaat amerikancite e na mendlson.jas gi imam notite a kako avtor stoi mendlson.

  3. frosina Reply

  4. frosina Reply

    toa od vagner e svadbeniot hor-ne mars

    • Кафе пауза Reply

      Објаснувањето е зад линкот погоре. Делото на Вагнер има друго име, кое е познато и како Свадбен марш. Оттука настанува забуната. Но, не е погрешно.

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор