Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото

Иако сè уште не е лето, сончевите денови се овде. Па, нема потреба да ги чекате летните месеци за еден од најомилените модни детали на повеќето девојки. Сламените шешири веќе можете да ги забележите како дел од дневната комбинација на многу жени.

Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото

Бидејќи оваа сезона се појавија во навистина многу бои, сламените шешири се идеален додаток за едноставната дневна комбинација, а особено добро изгледаат со долги бохо фустани. Сламените шешири се шармантни и практични и веднаш му додаваат гламур на вашиот изглед.

Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото

Оваа сезона, шеширите се украсени и со свилени марами кои им даваат особена женственост и префинета нота. Па доколку сакате и најобичната комбинација да ја направите елегантна, инвестирајте во сламен шешир.

Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото

Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото

Сламен шешир: Моден детаљ што го најавува летото

Погледнете и како да изберете шешир според обликот на вашето лице.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар