Истражување: Вљубувањето предизвикува физички промени кај жените

Вљубеноста е едно од најубавите нешта што можеме да ги искусиме и е инспирација за многу луѓе. Моќта на вљубувањето ја потврдило и едно неодамнешно американско истражување, кое покажало дека вљубеноста предизвикува генетски промени кај жените.

Истражување: Вљубувањето предизвикува физички промени кај жените

Во истражување, прво од овој тип, учествувале 47 жени и било спроведено на Универзитетот Калифорнија. Научниците сакале да откријат дали и како вљубеноста влијае врз гените. Тие зеле примерок од крв од жените кои наредните две години се вљубиле и започнале врска.

Се покажало дека вљубеноста има влијание врз нивната ДНК, односно, чувството на заљубеност не ги променило само на психичко, туку и на физичко ниво.

„Вљубувањето ги поттикнува гените на поголемо лачење интерферон, што е дел од вродениот имунолошки одговор на вирусни инфекции“, објасниле научниците.

„Вљубувањето е еден од психолошки најинтензивните искуства во човечкиот живот, и изгледа дека романтичната љубов не ни влијае само психички.“

За време на љубовната врска, нивото на интерферони се менувало кај жените, во зависност од тоа во која насока се движи врската. Доколку созрева и се развива љубов, физиолошките промени кај женското тело се ублажуваат. Кај жените кои ја прекинале врската, било забележано пониско ниво на интерферони.

Иако досега не е откриено зошто заљубеноста има вакво влијание на нашето тело, се претпоставува дека одговорот е во тоа што телото почнува да се подготвува за бременост кога жената ќе најде личност за која верува дека е вистинскиот партнер. Се планира да се истражува влијание на вљубувањето и кај мажите.

Погледнете и кои се лудите работи кои се случуваат со вашето тело кога сте вљубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар