Како да станете еколошки свесна личност?

Медитацијата ни помага да станеме свесни за своите постапки, навики и однесување, но ни покажува и како да се ослободиме од нив. Исто така, медитацијата и свесноста ни помагаат да сфатиме дека сме дел од систем со луѓе кои влијаат врз нас, но и дека сме дел од планетата.

Како да станете еколошки свесна личност?

Доколку сте почнале, или барем размислувате да почнете да медитирате, вие сте на вистинскиот пат. Сега размислете зошто сте почувствувале потреба да тргнете на ова патување. Доколку погледнете длабоко во себе, ќе сфатите дека причината е тоа што ви е потребна промена. Оваа промена мора да настане во вас и треба да ги имате потребните ресурси за неа.

Од моментот на нашето раѓање, ние сме во непрекината интеракција со планетата, дел од екосистемот. Ги користиме ресурсите на планетата на стотици начини за стотици наши потреби. Со помош на свесноста, навистина можете да сфатите дека медитацијата не е само потрага по себе, туку и прецизно позиционирање во глобалниот координатен систем.

Потребно е навистина да сфатите дека всушност само ја позајмуваме планетата од нашите деца. Помислете на ова следниот пат кога ќе користите пластична кеса. Запрашајте се колку всушност ви е неопходна во тој момент.

Следниот пат кога ќе одите во продавница, разгледајте ги сите пакувања околу себе. Потоа размислете дали би можеле да консумирате поразлични продукти. Дали постои друг начин да ги спакувате јаболката и бананите и да ги однесете дома? Веќе со години слушаме за нашето негативно влијание на планетата, но доколку навистина живееме во моментот и научиме да го набљудуваме своето однесување, можеме да ги направиме потребните промени.

Авторот Ричард Хајнберг истакнал колку е важно да користиме обновливи изводи на енергија. А ние сме оние кои треба да ги избереме и да ги користиме.

Исто така, Ричард укажува на тоа колку е важно отпадот што го оставаме зад себе да го распоредуваме паметно, бидејќи нашите деца се оние кои ќе ги најдат остатоците. Едно шокантно истражување покажало дека дури и во нашиот организам останува околу 30% од пластиката.

5 совети за еколошко освестување

1. Секој ден вежбајте свесност. На овој начин значително ќе ги проширите вашите погледи и сфаќања за вашето место на планетата.

2. Со техниката насочено внимание ќе се промени и вашето сфаќање за материјалните потреби. Ќе одите да купувате само кога сте смирени и кога можете рационално и одговорно да разберете зошто ви се потребни некои работи. Ќе сфатите дека мнозинството работи кои сте ги сакале, нема воопшто да ги купите.

3. Консумирајте помалку, купувајте производи без пластично пакување и не земајте кеси во продавница, туку користете платнена торба.

4. На работа, во домот, каде и да можете, обидете се да рециклирате и помогнете им на другите да сфатат колкав е ефектот на она што го правите.

5. Ветете дека ќе направите најмногу што можете за да ѝ помогнете на планетата.

Погледнете ги и овие еко-свесни начини да направите значајна промена за планетата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар