15 еко-свесни начини да направите значајна промена за планетата

Апатијата може да биде навистина штетна. Поради неа не се грижиме за нас, другите луѓе и светот околу нас. Апатијата е недостаток од грижа, незаинтересираност и отсуство на емоции. Кога ќе размислите за состојбата на нашата планета, ќе ви стане јасно дека апатијата, како и незнаењето, се огромен проблем. Нашите океани остануваат без риби и се премногу загадени. Земјата се труе, животните се истребуваат, храната е преполна со вештачки загадувачи, климата се менува, шумите умираат…

15 еко-свесни начини да направите значајна промена

Време е за промена, а таа промена може да започне со вас. Кога ќе прифатите еко-свесен начин на живеење, ќе направите голема разлика. Не само што ќе заштедите пари, туку ќе се подобри вашето здравје и ќе инспирирате и други да почнат да живеат на тој начин. Погледнете како можете да почнете со промената.

1. Не купувајте импулсивно. Поставете си правило според кое ќе почекате 24 часа пред да одлучите дали треба да купите нешто. Одложувањето е клучно кога станува збор за трошење пари.

2. Дами, размислете за употреба на менструални чашки или влошки за повеќе употреби, наместо тампони и влошки за една употреба. Просечната жена употребува од 12.000 до 16.000 влошки тампони во текот на животот, со ова додавајќи 125-150 килограми отпад. Продуктите за повеќе употреби не само што ќе го намалат загадувањето, туку ќе ви заштедат и многу пари. Менструалните чашки и влошките за повеќе употреби можат да ви траат и до 10 години.

3. Рециклирајте сè што можете. Пластика, хартија, стакло, алуминиум, картон, покуќнина, облека… Што и да е, рециклирајте.

4. Секогаш кога можете, одете пеш, со велосипед или со јавен превоз наместо со автомобил. Многу луѓе сфаќаат дека кога го прават ова, воопшто не им е потребен автомобил.

5. Намалете со консумирање, или ако можете целосно откажете се од месото и продуктите од животинско потекло. Знаете ли дека животинската агрикултура е одговорна за 51% од целата емисија на стакленички гасови? Покрај тоа, вегетаријанскиот или веганскиот начин на исхрана ќе помогне да ја намалите експлоатацијата на животните, ќе го намалите ризикот од рак, ќе го подобрите целокупното здравје и уште безброј други придобивки. Најдобро е да почнете со вегетаријанска исхрана кој вклучува јајца и млечни производи. Потоа, ако вашето тело ви овозможува, постепено откажете се и од нив. Важно е добро да се информирате за хранливите состојки кои ќе треба да ги надоместите. Веганската исхрана не е за секого, па немојте да бидете строги кон себе. И само намалување на консумирањето животински производи ќе направи голема разлика.

6. Заменете ги хемиските средства за чистење. Овде спаѓаат средствата за садови, за прозорци, за бањи и слично. Најдете производи кои се биоразградливи.

7. Поддржувајте ги локалните фармери, особено оние кои одгледуваат органска храна.

8. Разгледајте што е понудено како алтернатива за употребата на вода, струја и греење.

9. Дами, купувајте органска или еко-пријателска козметика секогаш кога тоа е можно. Избегнувајте ги компаниите кои тестираат на животни.

10. Исполнете ја градината со локални растенија. Со ова ќе му помогнете на дивиот свет да напредува.

11. Собирајте ги остатоците од овошјето и зеленчукот и вратете ги во земјата. Ова ќе ви заштеди пари на хемиски алтернативи.

12. Наместо да добивате писма по пошта, пријавете се за писма и брошури кои ќе ги добивате електронски. На овој начин ќе заштедите хартија и ќе ви биде полесно ако често патувате.

13. Престанете да користите пластични кеси со секое пазарување. Носете торба или кеса од дома.

14. Заштедете енергија перејќи со студена вода, сијалиците променете ги со штедливи и исклучувајте ги од струја апаратите што не ги користите.

15. Моментално во светот има 7,4 милијарди луѓе. До 2050-та година се очекува тој број да се искачи до 9,6 милијарди. Пренаселеноста е во голем дел одговорна за многуте проблеми на Земјата. Па, запрашајте се дали навистина сакате да родите уште едно дете. Можеби подобра алтернатива е да посвоите.

Знаете ли кои утрински навики се штетни за природата?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар