8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промениме

8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промениме

Земјата е една прекрасна планета која константно е загрозена токму од припадниците на највисоката линија на цивилизација – луѓето. Затоа, наместо да соучествуваме во нејзиното уништување, сите треба свесно да се вклучиме во заштитата. Во пресрет на Денот на планетата Земја, на 22 април, треба да се вложиме многу повеќе за заштита на животната средина, бидејќи тој воздух го дишеме и таа вода ја пиеме.

8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?

Ова е мал потсетник за тоа како лошите и нееколошки утрински навики може да се претворат во нешто корисно. Следејќи ги овие совети, вие им помагате на ретките видови животни што подолго да опстанат, да има доволно чиста вода за пиење и да се спречи загадување на водите и почвата.

1. Предолги утрински туширања

Стоењето под туш можеби потсетува на свеж водопад, но на овој начин се троши многу повеќе вода отколку што би се потрошило доколку се туширате држејќи го тушот во рака, со млазот насочен директно кон телото. Исто така, внимавајте водата да биде исклучена додека се премачкувате со пена за туширање.

2. Фрлање храна и хранливи остатоци во ѓубре

Органските остатоци од храната, како што се лушпите од банана или делот околу семката на јаболкото може да се користат како природно средство за ѓубрење. Освежете ги собните цвеќиња со блендирани остатоци од овошја или зеленчуци и додајте во ѓубривото кое го користите. На овој начин ја намалувате исфрлената количина на хранлив отпад за 31%.

8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?

3. Возење автомобил до работа

Употребата на лично возило за одење до работа може да биде оправдана доколку делите трошоци за гориво со пријатели или колеги. Во спротивно, кога во метежот се собрани стотици автомобили во кои е присутен само возачот, се зголемува и концентрацијата на издувни гасови во воздухот. Јавниот превоз, пешачењето или возењето велосипед се секогаш подобра опција од автомобилот.

4. Користење пластика за пакување на храната

Користите пластична фолија за пакување на храната? А пластични кеси? Решението е едноставно, набавете си кутија за ручек што ќе ја миете по секое користење, виткајте го сендвичот во хартија и користете платнени торби за пазарување.

5. Ги оставате светлата вклучени и полначите во штекер

Залудно е трошењето на електрична енергија во денови кога е сончево и кога не сте дома. Слично е и со полначот за мобилниот телефон – секогаш вадете го од штекерот кога полнењето е завршено.

6. Купување вода во пластично шише

Ова е лесен, едноставен и евтин начин да обезбедите вода за пиење, но со секое ваше купување на флаширана вода, вие го зголемувате ризикот за уште поголемо загадување на океаните со пластика.

8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?

7. Водата тече додека ги четкате забите

Нема потреба од дополнително губење вода. Овие истечени литри од чешмата за некого се скапоцени. Следниот пат кога ќе четкате заби, исклучете ја чешмата и пуштете ја кога ќе дојде плакнењето на ред.

8. Користите хартиени бришачи за раце

Многу попрактично од перење крпи, но и поризично за животната средина, најпрво затоа што за производство на хартија страдаат дрвјата, а потоа и што искористеното парче често станува дел од неселектирано ѓубре.

Дозволете ѝ на вашата свест да работи во ваша корист, но и во корист на планетата која сè уште е наш дом.

Потсетете се и на овие зачудувачки факти за земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар