8-те најинспиративни цитати за животот, љубовта и семејството од Барбара Буш

8-те најинспиративни цитати за животот, љубовта и семејството од Барбара Буш

Замислете си да бидете во среќен брак со истиот човек 73 години. Замислете во последните мигови вашиот сакан сопруг да ви ја држи раката и да бидете опкружени со семејството. Ако сте сингл веќе некое време, може да ви биде тешко да ги прифатите овие работи. Ако сте над 50 и сè уште барате љубов, знаете дека 73-годишен брак е невозможен. Но дали ова значи дека треба да се откажете? Се разбира дека не. Никогаш не е доцна да ја пронајдете вашата половина. Во продолжение следуваат незаборавните мисли на Барбара Буш…

8-те најинспиративни цитати за животот, љубовта и семејството од Барбара Буш

1. Прегрнувајте ги сите

„За нас семејство значи да ги ставаме рацете едни околу други и да бидеме овде.“

Кога живеете далеку од семејството или пак нешто друго ве разделило едни од други, важно е да најдете ваше племе. Ако не добивате доволно прегратки, можете да направите нешто во врска со тоа.

2. Не срамете се од љубовта

„Се венчав со првиот маж кој сум го бакнала. Кога им го кажувам ова на моите деца, тие растат.“

Некои се венчале со првиот маж што го бакнале и се нашле во неволја. Не секој ја има таа среќа, но Барбара учи за она што функционира во љубовта. Таа се фалела за тој прв бакнеж, без разлика дали на децата им се допаѓало или не.

3. Семејството не значи да бидете крвно поврзани

„Ценете ги вашите човечки врски – вашите врски со пријателите и семејството.“

Сигурно имате барем еден пријател кој го сакате најмногу, иако не сте крвно поврзани. Секогаш ценете ги и негувајте ги овие врски.

4. Бидете дарежливи

„Давањето нè ослободува од познатата територија на нашите потреби отворајќи ни го умот кон необјаснетите потреби на другите.“

Зарем треба да се каже нешто повеќе?

5. Сакајте безусловно и несебично

„Мора да ги сакате децата несебично. Тешко е, но тоа е единствениот начин.“

Ова е неопходен совет. Што ако немате деца? Има луѓе и ситуации во вашиот живот кои ќе ја бараат целата ваша посветеност. Ќе биде вистински предизвик да ги сакате несебично.

6. Вклучете се во нешто големо

„Верувајте во нешто поголемо од вас… вклучете се во големите идеи на вашето време.“

Ако сте сингл, тогаш уште поважно е да се вклучите во нешто големо што се случува во вашата заедница. Волонтерите имаат одлична енергија. Луѓето кои се страсни за нешто, тоа им е заедничко. Покрај тоа, ова е уште едно место на кое можете да пронајдете љубов.

7. Одберете да давате

„Некои луѓе даваат време, некои пари, некои нивните вештини и врски, некои буквално даваат крв. Но секој има нешто што може да даде.“

Секој, дури и вие. Кога сте сами можеби ќе сфатите дека премногу се жалите. Мислите дека на сите им е подобро од вас. Но, имате можност да го гледате вашиот живот како полн со добри нешта кои можете да ги споделите со другите или како полн со нешта за кои ќе се жалите.

8. Предизвикајте ги другите

„Пристрасноста треба да се научи. Ако слушнете дека вашите родители им се потсмеваат на жени и на луѓе со разни позадини, и вие ќе го правите истото.“

Пристрасноста не е природна состојба и треба да се научи. Самата госпоѓа Буш е од Тексас, па сигурно поминала низ многу.

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ви помогнат да останете позитивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар