Иван Босиљчиќ во „Еден на Еден“

Неколку дена пред неговите концерти во Скопје и Струмица, Иван Босиљчиќ специјално долета од Белград за да биде дел од Еден на Еден.

Српскиот актер на каучот кај Жаре рецитираше на македонски, а не пропушти ни да запее.

Покрај Босиљчиќ, во недела ќе ја гледаме и неверојатната 90-годишна Добрила Чабриќ, македонската актерка и пејачка, која во моментот растура на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“.

Сѐ на сѐ, нѐ чека нова одлична епизода на Еден на Еден оваа недела 18:50 часот на Канал 5.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар