Инстинктивното однесување на бебињата: Првите 70 минути од животот на новороденчињата

Инстинктивното однесување на бебињата: Првите 70 минути од животот на новороденчињата

Благодарејќи на внимателното набљудување на новороденчињата во текот на првите 70 минути по раѓањето, научниците дошле до следниве интересни сознанија.

instinktivnoto-odnesuvanje-na-bebinjata-prvite-70-minuti-od-zhivotot-na-novorodenchinjata-kafepauza.mk

Минута 0: Бебето пушта гласен крик кој му помага да си ги разбуди белите дробови.

Минута 2: По крикот бебето се одмора помалку од минута, лежејќи сосема мирно на мајчините гради. Овој миг на тишина според д-р Лора Сандерс , може да е резултат на еволуцијата во која бебињата морале да се кријат од предаторите.

Минута 2,5: Кога ќе почне да се буди, новороденчето за првпат ги отвора очите. Полека почнува да ги поместува главата и усните.

Минута 8: Бебето станува активно и ги држи очите отворени до 5 минути, па и подолго. Во текот на оваа активна фаза, се чини дека развива интересирање за јадење, бидејќи гледа во мајчиното лице и гради и испушта тивки слатки звуци и со рацете посегнува кон својата уста.

Минута 19: Тоа беше исцрпувачки. Време е за уште еден одмор.

Минута 36: Новороденчето се одморило и почнува да се поместува кон мајчините гради, а мирисите му помагаат да се ориентира.

Минута: 62: Бебето почнува да цица, најнапред мала количина колострум, кој тече пред млекото, а е полн со белковини и супстанци кои го јакнат имунитетот.

Минута 70: Бебето потонува во заслужен сон.

Д-р Лора предупредува дека овие заклучоци се добиени со посматрање на мал број бебиња, така што какво било отстапување во минутажата е сосема нормално, но напоменува и дека сите податоци и тоа како можат да бидат од помош при осмислувањето на постапки кои го охрабруваат доењето.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар