Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Доколку имате желба за додипломски или постипломски студии надвор од нашата земја, олеснителна околност е доколку предавањата се на англиски јазик. Ова се дел од универзитетите ширум целиот свет кои нудат програми на англиски јазик.

Maastrict University – Холандија

На овој универзитет има налив од студенти од Велика Британија, бидејќи школарината е околу 1.700 евра годишно. Речиси половина од додипломските студии се на англиски јазик, а поголемиот дел од магистерските и докторските студии се исто така на англиски.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Politecnico di Milan – Италија

Еден од водечките универзитети во Италија објави дека од 2014 година речиси сите предавања и оценувања ќе бидат на англиски јазик.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Национален Универзитет во Сингапур

Според минатогодишното рангирање, овој универзитет е на 28-мо место во светот, а предавањата се целосно на англиски јазик.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Riga Technical University – Летонија

Техничкиот Универзитет во Летонија нуди голем избор на додиполомски студии на англиски јазик, вклучувајќи телекомуникации, авијација, транспорт и животна средина. Школарината е околу 1.400 евра годишно.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Универзитетот во Хонг Конг

Речиси сите предавања на овој универзитет се на англиски јазик. Споредено со Британија, цената на школарината и не се разликува многу, но стандардот е понизок како и секојдневните трошоци.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Bonn University – Германија

Овој универзитет има голем број специјално дизајнирани курсеви за странски студенти, како додипломски така и постдипломски студии кои целосно или делумно се предаваат на англиски јазик. Студиите вклучуваат право, култура, природни науки и математика.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

The University of Stavanger – Норвешка

Во Норвешка не се наплаќа школарината, дури ни за странските студенти, а во голем дел од универзитетите се нудат курсеви на англиски јазик. На универзитетот во Ставангер има голем број додипломски студии на англиски јазик, вклучувајќи компјутерски науки, математика и физика, музика и танц. Додека на универзитетот во Осло има повеќе од 40 магистерски програми на англиски.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Sciences Po – Франција

Овој високо селективен универзитет во Париз, Франција, е специјализиран за општествени науки и токму од таму излегува најголемиот дел од политичката елита во земјата. Некои курсеви се целосно на англиски јазик, додека за други, иако треба да се развие некое познавање на францускиот јазик, сепак има и повеќејазична програма.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Бизнис школата на Копенхаген – Данска

Со над 17.000 студенти, ова е еден од најголемите бизнис универзитети во Европа. Речиси половина од курсевите се на англиски јазик.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Leiden University – Холандија

За повеќето од курсевите е потребно задоволително ниво на владеење на холандскиот јазик, но за некои, како науки и уметности, предавањата се целосно на англиски јазик. Како и да е, после втората година, многу додипломски студии се спроведуваат целосно на англиски јазик.

Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.a


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар