Главната причина поради која домашните работи се штетни за вашите деца

Не постои доказ дека каква било домашна работа ќе ги поправи образовните перформанси на учениците од основните училишта. Тврдењето на истражувачот Харис Купер од Универзитетот Дјук звучи изненадувачки без разлика на која страна од дебатата се наоѓате. Дали е точно дека изгубените часови од времето за играње, борбата со задачите и солзите биле залудни? Дали вечерниот ритуал низ кој поминуваат милиони семејства всушност не е од никаква корист? Домашната работа е прифатена пракса, па повеќето родители воопшто не се сомневаат во нејзината важност.

Која е главната причина поради која домашните работи се штетни за вашите деца?

Но кога ќе погледнете на фактите, ситуацијата е различна. Има придобивки од домашната работа, но тоа зависи од возраста на учениците.

Истражувањето вели дека за учениците од 1-во до 5-то одделение, учењето на часовите дава значително подобри резултати, додека домашните задачи се само дополнителна работа. Дури и за учениците од 6-то до 9-то одделение, врската помеѓу домашната работа и академскиот успех е минимална. Додека децата стигнат во средно училиште, домашните задачи се корисни, но само умерено. Лимитот е 2 часа на ден. Ако се надмине овој лимит тогаш придобивките се намалуваат.

Пред да одиме подлабоко, треба да кажеме дека овие резултати се добиени после голем број истражувања во различен период. Овие сеопфатни анализи не нашле никаков доказ за образовни придобивки кај децата во основно училиште. Всушност, дури се открива и негативно влијание врз ставот на децата кон училиштето.

Токму ова е фактот што загрижува. Домашната работа има влијание врз децата, но тоа е негативно. Децата кои штотуку го започнуваат својот пат низ образовните процеси треба да добијат шанса да развијат љубов кон учењето. Наместо тоа, домашната работа од најмала школска возраст ги одбива децата од учењето, идните домашни задачи и академското учење. А учењето е долг пат и децата од претшколска возраст, па сè до матурирањето ги чекаат 13 години од домашни задачи.

Тука е и штетата во семејните односи. Во илјадници домови, семејствата секојдневно се борат со домашните задачи. Родителите приговараат, а уморните деца протестираат и плачат. Наместо да се поврзуваат и поддржуваат еден со друг, многу семејства се заробени од обврската која им виси над главата, а најчестото прашање е „Дали ја заврши домашната работа?“

Кога домашните задачи се задаваат прерано, децата тешко успеваат да ги извршуваат самостојно и потребна им е помош од родителите за да ги завршат. Децата стекнуваат навика да чекаат помош од своите родители, а родителите често имаат улога на полицаец кој ја надгледува работата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар