Дали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Бермудскиот триаголник е едно подрачје кое се наоѓа во Атлантскиот океан, помеѓу Мајами, Порторико и Бермуда, формирајќи една триаголна форма од каде го добива и името. Приближно 8.127 луѓе, како и многу бродови и воздухопловни летала се водат како исчезнати токму во овој регион, откако во 1851-та година почнало да се води запис.

Дали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Едно од актуелните објаснувања за исчезнувањата е подводната карпа која наводно поседува магнетни својства кои можат да ја компромитираат работата на компасите. Но, истражувачите од Арктичкиот Универзитет во Норвешка откриле уште еден подводен феномен кој може да го предизвикува потонувањето на бродовите.

Екипажот неодамна наишол на огромни подводни кратери, надвор од норвешкото крајбрежје, кои зафаќаат површина од 800 метри должина и 45 метри длабочина. Кратерите веројатно биле формирани од експлозии на метан, природен гас закопан на дното на Баренцовото море. Доколку овие експлозии навистина се случиле, тогаш тие резултирале во меурчиња од метан кои ја претвориле површината на водата во пена. Бродовите, независно од нивната градба, можат да потонат доколку се изложени на вакви услови.

Дали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Но, откритието се случило само на Баренцовото море и засега важи само за таа област и сѐ уште не е јасно дали ваквите кратери постојат и во останатиот дел од Бермудскиот триаголник. Иако овие метански кратери можат да го објаснат исчезнувањето на многуте бродови, а карпата со магнетни својства да го опфати исчезнувањето на авионските летала, сепак, сѐ уште постојат мистериите зад исчезнувањето на илјадниците луѓе кои ги снемало од бродови кои не потонале. Истражувањата се во тек, а нам ни преостанува да се надеваме на некое ново, пионерско откритие за една од најголемите неразрешени мистерии во историјата на човештвото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар