Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!

Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!

Еднорозите се измислени, митски суштества кои честопати се среќаваат во детските книги и приказни како симбол на невиност и моќ. Се верува дека тие се благородни животни кои не можат да се скротат. Верувале или не, тие се и симбол на држави.

Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!

Дали знаевте дека еднорогот е национално животно во Шкотска? Во средината на 16 век еднорогот бил воведен како симбол на шкотските кралски грбови. Во тоа време, два еднорога го краселе грбот на Кралството Шкотска. Во 1603 година, пак, кога кралот Џејмс VI од Шкотска постанал крал Џејмс I на Англија, Шкотска и Ирска, на грбот на новото кралство биле обединети еден еднорог и англиски лав како симбол за обединувањето на овие земји. Друг интересен факт е дека овие животни во приказните биле отсекогаш во ривалство, а сега за прв пат биле обединети.

Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!

Лесно можете да го препознаете шкотскиот еднорог и тоа благодарение на неговите златни синџири. Се верува дека тие се симбол на моќта на шкотските кралеви, односно дека тие поседувале толку голема моќ што можеле да ги оковат и овие животни.

Со векови луѓето верувале дека еднорозите постојат сè до почетокот на 19 век кога францускиот биолог Жорж Кувие почнал да објаснува дека на животно од овој вид било невозможно да му израсне еден рог на челото. Сепак, покрај научните докази и тврдења, луѓето и понатаму продолжиле да веруваат во ова митско суштество, па така денес се слави Денот на еднорогот на 9 април.

Откако прочитавте за националниот симбол на Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те туристички локации во Шкотска кои не смеете да ги пропуштите.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар