Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

Откако за прв пат стапнале на територијата на денешниот град Камп Верде во американската сојузна држава Аризона, европските доселеници забележале огромна градба издлабена во карпите. Тоа бил замокот Монтезума.

Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

Отпрвин сметале дека замокот бил изграден за време на владеењето на познатиот цар на Ацтеките, Монтезума. Деновите ги поминувале на ова место восхитувајќи му се на дворецот.

Иако името останало до денес, сепак археолошките истражувања покажале дека императорот Монтезума немал никаква врска со изградбата на замокот. Всушност, се работело за живеалиште на народот Синагва кое живеело на овој простор во периодот помеѓу 8 и 15 век, а замокот бил изграден околу 1100 година.

Каменото живеалиште се состоело од 20 соби, а до него се стигнувало преку скали на стрмните варовнички карпи кои биле високи до 27 метри.

Иако наликува на замок, всушност се работи за антички станбен комплекс.

Ќе се согласите дека се работи за импресивен потфат, па така замокот бил прогласен за национален споменик во 20 век од страна на Теодор Рузвелт.

Откако прочитавте за дворецот Монтезума, можеби ќе сакате да прочитате и за австрискиот замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар