Дознајте што кажуваат вашите фотографии за вас

Дознајте што кажуваат вашите фотографии за вас

Да бидеме искрени, сите во животот сме направиле селфи и сме го објавиле на социјалните мрежи бидејќи ни се допаѓало како изгледаме на него. Социјалните мрежи станаа полигон за собирање лајкови и фалење, како со изгледот така и со сопствените успеси и постигнувања. Што велат вашите фотографии на Фејсбук и Инстаграм?

Дознајте што кажуваат вашите фотографии за вас

Селфи

Сите имаме направено барем едно селфи и сме го објавиле бидејќи добро сме испаднале. Светлото и шминката си го направиле своето, како и некои филтри. Директорката на една фирма за маркетинг Лин Морисон вели дека селфињата се доказ дека живеете со полна душа. Таквите фотографии велат: јас сум паметна, необична, и живеам како што сакам.

Пејзаж

Сите сме аматери фотографи (освен, секако, оние кои што се навистина професионалци). Фотографиите со сликовити пејзажи се всушност очајнички повик на одобрување. Морисон вели дека луѓето кои објавуваат пејзажи на тој начин ги потсетуваат своите пријатели на своето постоење.

Активности

И овие фотографии се од оние кои им идат на нерви на сите. Без разлика дали планинарите, возите џет-ски или правите нешто екстремно, овие фотографии им покажуваат на луѓето дека сте социјални и важни. Морисон тврди дека тие фотографии се само за собирање лајкови, а всушност не уживате во тоа што го правите.

Постигнување

Слики на кои држите медали, награди или на пример, чинија со совршено испечени колачиња покажуваат за вашата потреба за фалење за вашите постигнувања. Лин вели дека луѓето кои објавуваат такви фотографии во описите често го омаловажуваат својот успех, а всушност посакуваат луѓето да им бидат љубоморни.

Општо гледано, што и да објавиме јавно на социјалните мрежи, на некој начин бараме потврда дека тоа што го правиме е генијално.

Следно, прочитајте што мислат луѓето за вашите селфиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар