Дознајте кои се најпознатите мустаќи во историјата

Дознајте кои се најпознатите мустаќи во историјата

Уште од антиката, имањето мустаќи и брада отсликувало широк спектар на обичаи, религиозни верувања и личен вкус. Во минатото вообичаено било да не се прави разлика меѓу мустаќите и останатата коса на лицето, како брада и бакенбарди, бидејќи најчесто се носеле заедно. На некои места, мустаќите биле забранети, најчесто бидејќи се сметале за ексцентрични или дури вознемирувачки во некои општествени кругови. Кога мустаќите биле прифатени во модерните кругови, нивната форма често варирала. Оваа листа содржи голем број познати и непознати личности со мустаќи од историјата, и секој мустаќ е класифициран во согласност со Американската институција за мустаќи. Па, што мислите – кој ги носел најдобро?

Амброз Бернсајд

Генералот на Американската граѓанска војна, Амброз Бернсајд е познат како основач на страничната брада, подоцна именувана како „бакенбарди“, инспирирано од неговото презиме. Неговите мустаќи биле стилизирани така што му се протегале низ образите при тоа спојувајќи се со бакенбардите.

Кларк Гејбл

Во неговата 30-годишна филмска кариера, Кларк глумел во некои од најнезаборавните продукции на Холивуд, како „Побуна на бродот Баунти“ (Mutiny on the Bounty) и „Одвеано со виорот“ (Gone with the Wind). Гејбл ги имал најпознатите мустаќи во Холивуд во средината на 20-тиот век. Неговите мустаќи можат да се стават во категоријата „четката на сликарот“ или „абажур“.

Адолф Хитлер

Признајте, знаевте дека Хитлер ќе се најде на листава. Покрај улогата во започнување на Втората светска војна и неговата одговорност за убиство на милиони Евреи (што го направи најомразениот човек во историјата), овој фашистички диктатор исто така е познат и по уредните мустаќи. Беспрекорниот стил „четка за заби“, се карактеризирал со дебели мустаќи кои се простирале под ширината на носот, познат како Хитлерови мустаќи. По втората светска војна, мажите го напуштиле овој стил на мустаќи бидејќи бил потсетник на Хитлер. И до ден-денес, овој стил многу ретко се гледа.

Вилијам Хаурд Тафт

Претседателот на Америка го носел стилот познат како „кормило од велосипед“. Иако е сличен на изгледот на Салвадор Дали, сепак мустаќите на Вилијам биле поголеми, побујни и помалку ексцентрични, со мало нагорно извиткување.

Руџеро Леонкавало

Композиторот Руџеро, познат по операта „Паглиаци“ (Pagliacci), имал големи луксузни мустаќи кои ги виткал нагоре. На сликата се гледа дека неговите мустаќи зафаќаат дел од образите и горната уста, што се класифицирани како „кралски“ мустаќи, според Американскиот институт за мустаќи.

Гручо Маркс

Веројатно еден од најпознатите луѓе на планетата според мустаќите е Маркс. Неговите препознатливи, широки мустаќи влегуваат во категоријата на „морж“ или „шеврон“. Заедно со неговата капа, очила, веѓи и нос, мустаќите му биле заштитнички знак, кои до ден-денес се продаваат како играчка. Класичните Гручо мустаќи кои тој ги носел за време на филмовите на Маркс Брадерс биле лажни, но подоцна тој пуштил вистински мустаќи за неговото телевизиско квиз шоу „Го обложуваш својот живот“ (You Bet Your Life).

Чарлс Џејмс Напиер

Чарлс е познат по неговите авантури во Индија за време на британското владеење. Според неговиот портрет, Напиер имал бујни англиски мустаќи, кои се карактеризирале со долги влакна кои излегувале од под носот.

Салвадор Дали

Голема е веројатноста Салвадор Дали да е исто толку познат по необичните мустаќи колку и по неговите надреалистички слики. Неговата уметност често претставува свет во кои предметите се деформирани или трансформирани на бизарен начин.

Според Американската институција за мустаќи, неговите спаѓаат во категоријата наречена „Дали“, кои се карактеризираат со долги шилести краеви кои се извиткани стрмно нагоре. По 28 години од неговата смрт, трупот на Дали бил откопан во 2017 година, за да можат вештаците да земат негова ДНК за тест за татковство. Тие откриле дека мустаќите сè уште му биле непроменети.

Автор: Ана Патриклиева


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар