Преведувач на бебешкиот плач? Да, ве молам!

Бебешкиот плач бара многу внимание, а грижливите родители наидуваат на тешкотии во разбирањето за што точно плаче бебето. Токму затоа и група американски научници развиле систем со вештачка интелигенција кој разликува кога плачот е предизвикан од глад, желба за физички контакт или пак, е поврзан со болест.

Родителите често успеваат да го разберат плачот на бебето (иако понекогаш знаат и да згрешат), бидејќи секој плач има одредени карактеристики кои родителите ги препознаваат свесно или несвесно. И иако идентификацијата на детскиот плач била претешка за научниците, најновите апликации за вештачката интелигенција нудат одлични решенија.

Резултатите од истражувањата беа објавени од страна на Институтот за електрични инженери и  Кинеското здружение за автоматизација. Нивниот систем користи алгоритами за автоматско препознавања на говорот, кои го користат и компаниите како Гугл и Амазон, како би ги препознале различни карактеристики на бебешкиот плач.

„Како и во говорот, така и во звукот на бебешкиот плач има информации кои се поврзани со здравјето“, вели Лучуан Лу, професорка на Универзитетот Северен Илиноис и една од членовите на истражувачкиот тим. „Разликите меѓу звучните сигнали ни даваат многу информации. Разликите се претставени во различни облици на плачни сигнали. Да се препознае и искористи информацијата, треба да се издвојат разните начини на плачење. Крајната цел е здрави бебиња и помал притисок на родителите и негувателите“, дополнува Лу.

Научниците бараат соработка со болници и центри за медицински истражувања и се надеваат дека наскоро ќе имаат производи за клиничка употреба.

Дали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!

Автор: Ана Патриклиева


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар