Дали знаевте дека постои и 8-ма чакра? Прочитајте како да ја активирате

Дали знаевте дека постои и 8-ма чакра? Прочитајте како да ја активирате

Сите ги знаеме седумте главни чакри преку кои ја впиваме животната енергија и го чуваме физичкото и емотивното, но и духовното здравје. Низ нив поминуваат земските енергии, но и вселенските вибрации и помагаат во формирање на нашиот духовен идентитет. Но, дали знаевте дека под и над седумте главни чакри постојат по уште пет трансперсонални чакри?

Дали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активирате

Дел од овие чакри не располагаат со доволно високи фреквенции и воопшто не е лесно да им се пристапи, но она што е важно е дека се клучни за спиритуалниот развој и разбирањето на светот. Чакрата која се наоѓа веднаш над седмата, таканаречената крунска чакра, се нарекува ѕвезда на душата или Ауреола. Нејзе успеваат да ја активираат спиритуално напредните лица кои постигнале небесна светлост.

Нејзина главна функција е поврзаноста меѓу вашите возвишени личност и душа со инкарнираните ваши личност и душа. Истовремено е и последна чакра која содржи човечки особини и помага нашите главни чакри да создадат целина со трансперсоналните. Таа претставува портал за бесконечна и чиста духовна енергија. Кон неа може да пристапите доколку веќе сте успеале да достигнете отворање на седумте главни чакри, со примена на системи на вежби кои ја канализираат енергијата нагоре.

Дали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активирате

Ауреолата служи и за да ги филтрира духовните фреквенции и да пропушти само толку колку што човечкото тело може да поднесе. Колку повисока фреквенција успеваме да поднесеме, толку помалку работа ќе има ѕвездата на душата. Фактори кои влијаат врз Ауреолата се вибрациите кои потекнуваат од стилот на живот, исхраната, енергијата, потсвесноста и вербата.

Канализирање на енергијата на осмата чакра

Самото отворање на чакрите е долг медитативен и духовен процес кој се одвива постепено, во етапи. Се верува дека Ауреолата го поврзува телото со возвишени спиритуални енергии кои постојат надвор од овие димензии. Друго верување е дека токму осмата чакра е светлосниот тунел низ кој личноста преминува кога настапува смртта.

Оние кои успеале да стигнат до осмата чакра велат дека од тој момент на себе гледаат како на душа која има човечки облик, наместо како човек кој има душа. Со нејзиното активирање, ќе почувствувате силна потреба за да се редефинирате себеси.

Дали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активирате

Она на што треба да внимавате е да не форсирате брзо активирање на вашите главни, ниту пак на трансперсоналните чакри, бидејќи на тој начин ќе си предизвикате нагли психички промени и нарушувања, но и ќе го истурнете од баланс вашиот енергетски систем.

Осмата чакра исто така содржи и кармички лекции кои мораме да ги научиме за да може полесно да се ослободиме од тежината на нашето земско искуство, односно да започне процесот на одвојување на егото и духот. На тој начин имаме пристап до повозвишена духовност и откриваме бројни спиритуални тајни.

Дали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активирате

Оние кои се занимаваат со активности преку кои ги активираат чакрите, тврдат дека не постои повозвишено чувство од тоа. Тие откриваат сосема нова и подлабока димензија на својата личност, полесно балансираат со енергијата и многу лесно можат да пристапат до она што се наоѓа во нивната потсвест. Нештата можат да отидат дотаму што ќе почнат да ви пречат лажните љубезности, лошата храна, штетните навики и пороците. Всушност, со активирање и отворање на главните и трансперсоналните чакри, вие го доведувате телото во состојба во кое тоа се бори да остане здраво, но и да ги исцели постоечките нарушувања. Поради тоа и луѓето кои се занимаваат со спиритуална работа често се доста здрави физички, но и многу напредни на духовно ниво.

Најважно од сè е да не го форсирате овој процес и да најдете инструктор кој ќе ви помогне правилно да го изведете, за да не дојде до преголем проток на енергија низ вашите чакри, а со тоа и нејзино пребрзо празнење. Кога еднаш ќе успеете да ја достигнете оваа духовна возвишеност, се менува и вашата перцепција за реалноста и сите искуства ги поминувате низ спиритуалното ниво на вашата личност.

Прочитајте и нешто повеќе за чакрите – главните енергетски центри на телото!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

  1. Марија Reply

    Не постои осма чакра, сигурно мислите за седмата а тоа е круната, ве молам да се информирате подобро. Поздрав

    • Кафе пауза Reply

      Текстот не се однесува на една од седумте главни чакри.

Напиши одговор на Марија Откажи одговор