25 факти за Рамадан кои можеби не сте ги знаеле

Секоја година, милиони луѓе од муслиманската вероисповед го слават Рамадан. Ова е период на рефлексија, постење и духовност. За да го прослават, тие следат одредени правила цел лунарен месец. На крајот имаат голема прослава. Иако овој настан се случува секоја година, сепак постојат многу луѓе кои баш и не знаат што претставува. Па, ако сакате да научите нешто повеќе за овој муслимански празник, прочитајте ги овие интересни факти.

25 факти за Рамадан кои можеби не сте ги знаеле

1. Рамадан се слави на 9-тиот месец од Исламскиот календар. Оваа година почнува на 15-ти мај и трае до 14-ти јуни. Овие дати се различни секоја година.

2. Рамадан се прославува како времето кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед во 610-та година.

3. За време на Рамадан, се очекува постење од храна, пијалаци и други задоволства. Целиот фокус е пренасочен кон молитва и духовност. Исто така муслиманите се охрабруваат да се воздржат од озборување и пцуење.

4. Секое утро пред почетокот на постите, муслиманите имаат оброк наречен „сухур“.

5. Точно на зајдисонце, постот се прекинува со оброк наречен „ифтар“. Оброкот најчесто вклучува урми и вода, она што пророкот Мухамед обично го користел за прекинување на постот.

25 факти за Рамадан кои можеби не сте ги знаеле

6. Навечер може да се изеде обилен оброк во џамија или со семејството и пријателите. Десертите се многу популарни во овие оброци.

7. Одредени групи луѓе не постат за време на Рамадан. Овде спаѓаат бремените жени, ментално и физички болните лица, како и децата.

8. Оние кои не можат да постат, го „заменуваат“ нивниот пост со тоа што хранат сиромашна личност.

9. Дали знаете колку луѓе го прославуваат Рамадан? Во 2015-та година имало околу 1,8 милијарди муслимани низ целиот свет. Се очекува овој број да достигне 3 милијарди до 2060-та година.

10. Ако некој ненамерно го прекине постот, нема казна. Сепак, некои прекршоци бараат надополнување за испуштените денови кои се наречени „када“.

25 факти за Рамадан кои можеби не сте ги знаеле

11. Рамадан е еден од 5-те столбови на Исламот кои се нарекуваат исламски шартови.

12. Додека постењето во другите религии најчесто е за жалење или казна, постот за време на Рамадан е за прослава и благодарност кон Алах.

13. За овој свет месец се изработуваат посебни фенери наречени „фану“. Тие станале типичен симбол за Рамадан. Особено со популарни во Египет, но се прошириле и низ другите држави.

14. Поради големата побарувачка, во некои држави драстично се зголемуваат цените на одредени производи. На пример, цената на чајот може да биде 6 пати повисока од вообичаено. Подоцна се намалува економската продуктивност поради истрошеноста на луѓето од постите.

15. Иако можеби мислите дека за време на Рамадан многу луѓе слабеат, важи токму спротивното. Во овој период луѓето се помрзеливи во текот на денот и јадат повеќе навечер.

25 факти за Рамадан кои можеби не сте ги знаеле

16. Сигурно се прашувате како спортистите се справуваат со постите. Некои надополнуваат за изгубените денови подоцна, а други го следат постот и тврдат дека нивниот перформанс е подобар во овој период. Постојат и спортисти кои пијат малку вода или постат, но имаат мал оброк пред натпревар.

17. Иако децата не мора да постат за време на Рамадан, штом влезат во пубертет се очекува и од нив да го прават тоа.

18. Ако сакате да му посакате некого среќен Рамадан, можете да кажете „Рамадан Мубарак“. Во превод фразата значи „Имај благословен Рамадан“.

19. Добротворноста има голема улога за време на Рамадан. Муслиманите се охрабрени да донираат во форма на „закат“, односно задолжително, или во форма на „садака“, односно доброволно. Муслиманите кои даваат за време на Рамадан, наводно добиваат поголеми награди.

20. Ако правилно го следат постот, многу луѓе чувствуваат придобивки од него. Постот го поттикнува испуштањето ендорфини и го подобрува менталното здравје. Исто така настанува и детоксикација на телото.

25 факти за Рамадан кои можеби не сте ги знаеле

21. И молитвите се важен дел од овој празник. Муслиманите присуствуваат на служби, односно вечерни молитви наречени „теравих“.

22. Секоја држава и религија го прославува Рамадан на различен начин. На пример, во Индонезија музиката е важен дел од прославата.

23. Крајот на Рамадан е наречен Бајрам и започнува на првиот ден од месецот шевал.

24. На Бајрам, муслиманите се будат пред зората и кажуваат посебни молитви. Потоа се бањаат и ја облекуваат својата најдобра облека. Прославуваат со давање, јадење обилен оброк со семејството и одење во џамија.

25. Муслиманите си посакуваат среќен или благословен Бајрам со зборовите „Ид Мубарак“.

Прочитајте ги и овие моќни совети од Руми, најзначајниот исламски поет.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар