Прекрасни цитати за пријателството што ќе ви го стопат срцето

Прекрасни цитати за пријателството што ќе ви го стопат срцето

Понекогаш сè што е потребно се неколку цитати за да ве натераат да ги цените вашите пријатели. Навистина е лесно да не им придавате значење на пријателите – постојано ги гледате, па заборавате колку всушност ви помогнале. Па, ако барате неколку слатки зборови за вашиот најдобар пријател, овие цитати ќе ви помогнат во тоа.

Прекрасни цитати за пријателството што ќе ви го стопат срцето

„Пријателот ја знае песната на моето срце и ми ја пее кога ќе ја заборавам.“ – Дона Робертс

„Ако живееш сто години, сакам да живеам сто минус еден ден за да не мора да живеам без тебе.“ – А. А. Милн

„Никогаш не оставајте го пријателот зад вас. Пријателите се сè што добиваме за да го поминеме животот. Тие се единствените нешта од овој свет кои се надеваме дека ќе ги видиме во другиот.“ – Дин Кунц

„Нема ништо подобро од пријател, освен пријател со чоколадо.“ – Линда Грејсон

„Нештата никогаш не се толку страшни кога имате најдобар пријател.“ – Бил Вотерсон

„Смеата не е воопшто лош почеток на пријателство и е најдобриот крај за него.“ – Оскар Вајлд

„Многу луѓе сакаат да се возат со вас во лимузината, но она што вие го сакате е некој кој ќе ви прави друштво во автобус кога лимузината ќе се расипе.“ – Опра Винфри

„Пријателот е оној кој е со тебе кога целиот свет не е.“ – Грејс Пулпит

Прекрасни цитати за пријателството што ќе ви го стопат срцето

„Пријателите треба да бидат како книги – неколку, но добро одбрани.“ – К. Ј. Лангенховен

„Некаде на оваа планета се наоѓа вашиот најдобар пријател. Пронајдете ја таа личност.“ – Омар Киам

„Нема нешто што не би го направила за оние кои ми се вистински пријатели. Не знам да ги љубам луѓето половично, тоа не е во мојата природа.“ – Џејн Остин

„Многу луѓе ќе влезат и излезат од вашиот живот, но само вистинските пријатели ќе остават отпечатоци во вашето срце.“ – Елеонор Рузвелт

„Бидете оние што сте и кажувајте што чувствувате, бидејќи на оние кои им смета, не се важни, а на оние кои се важни, не им смета.“ – Бернард М. Браух

„Пријателот е едно од најдобрите нешта што можете да ги имате и едно од најдобрите нешта што можете да бидете.“ – Даглас Пеглс

„Пријател е некој кој знае сè за вас и сепак ве сака.“ – Елберт Хубард

„Птица – гнездо, пајак – пајажина, човек – пријателство.“ – Вилијам Блејк

Прекрасни цитати за пријателството што ќе ви го стопат срцето

„Добриот пријател е како детелина со 4 листа – тежок за наоѓање и среќа за имање.“ – Ирска поговорка

„Најубавото откритие на најдобрите пријатели е кога ќе сфатат дека можат да растат одвоено без да се разделат.“ – Елизабет Фолеј

„Ништо не прави Земјата да изгледа поголема од пријателите на далечина. Тие го прават растојанието.“ – Хенри Дејвид Торо

„Добрите пријатели ви помагаат да ги најдете важните работи кога ќе ги изгубите… вашата насмевка, вашата надеж и вашата храброст.“ – Дое Зантамата

„Јазикот на пријателството не е составен од зборови, туку од значења.“ – Хенри Дејвид Торо

„Попрво би одела со пријател во темнината наместо сама во светлината.“ – Хелен Келер

„Пријателството е нешто што е најтешко да се објасни. Тоа не е нешто што го учите на училиште. Но ако не сте го научиле значењето на пријателството, не сте научиле ништо.“ – Мухамед Али

„Една роза може да биде моја градина… еден пријател, мојот свет.“ – Лео Бускаглија

Прочитајте ги и овие цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар