Дали сте слушнале за негативен оргазам и дали знаете како се постигнува?

Дали сте слушнале за негативен оргазам и дали знаете како се постигнува?

Оргазмот е резултат на успешна сексуална средба, но едно истражување открило дека оргазмите не се секогаш позитивно искуство. Според истражувањето објавено во Архивата на сексуално однесување, негативниот оргазам може да укажува на низа проблеми за време на сексот – од тоа дека оргазмот му е единствената цел на партнерот, до смирување на егото на партнерот или на збунувачките чувства што може да ги предизвика кај луѓето што се големи верници или пак, што се заробени во телото на спротивниот пол (трансродови лица).

Дали сте слушнале за негативен оргазам и дали знаете како се постигнува?

Луѓето кои доживеале „негативни“ оргазми чувствувале притисок да ги смират своите партнери

Иако оргазмот има долга историја на поврзаност со сексуалниот успех и е поврзан со феминизмот од 1960-тите години, истражувачите посочуваат дека доживувањето оргазам може да создаде непосакуван притисок.

Во истражувањето во кое учествувале 726 лица на возраст помеѓу 18 и 66 години, испитаниците одговарале на прашањето дали некогаш имале негативно искуство поврзано со оргазмот. Повеќето испитаници имале различен пол и различен сексуален идентитет.

Истражувачите истакнуваат дека „императивот на оргазмот“ или идејата дека мора секогаш да постигнете оргазам бидејќи тоа се смета за нешто нормално, за возврат создава непотребна вознемиреност. Покрај овој општествен притисок, некои учесници посочиле дека доживуваат уште поинтензивен притисок да постигнат оргазам од страна на нивните партнери.

Испитаниците откриле дека и покрај навидум задоволувачкиот секс, нивните партнери им префрлаат ако случајно не доживеат оргазам, дури и повеќепати. Тие исто така ги обвинуваат партнерите дека не ги сметаат за доволно привлечни или дека другите работи во животот им се поважни отколку заедничкиот сексуален живот.

Авторите на истражувањето, Сари ван Андерс, професор на Универзитетот во Квинс и Сара Чадвик од Универзитетот во Мичиген, истакнуваат дека таквата сексуална принуда во никој случај не е пожелна.

Негативните искуства резултираат со неудобни или со болни оргазми

Учесниците биле анкетирани за квалитетот на оргазмот за време на сексот и повеќето испитаници рекле дека оргазмите биле помалку удобни, а понекогаш дури и послаби и поболни за време на сексуалниот однос со „негативен“ предзнак. Многу често станува збор и за емоционална неповрзаност за време на сексуалните односи. Некои учесници откриле дека тие се сексуално и емоционално одвоени од своите партнери за време на сексуалниот чин.

Покрај тоа, сексот често бил болен и адреналинот не бил доволно силен за да го потисне тоа физичко чувство.

Оргазмот е поврзан со религиозниот срам и со полот

Религијата и полот играат значајна улога кај некои луѓе кои се чувствуваат лошо за време на сексот, а особено кога доживуваат оргазам. Одговорите покажале дека жените се наоѓаат во многу непријатна ситуација кога мажот коментира дека градбата на нејзиното тело е „идеална за физичка работа и за раѓање на деца“, што може да претставува прилично вознемирувачки фактор за неа. Но, и изразената религиозност може да придонесе за лошо чувство откако ќе доживеете оргазам.

Авторите на истражување се надеваат дека ова истражување ќе им помогне на луѓето да сфатат дека доживувањето оргазам не го прави сексот одличен и дека не може да ги поништи негативните чувства ако некој чувствува притисок за време на сексот.

Прочитајте кои фрази можете да му ги кажете на вашиот партнер ако не сте достигнале оргазам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар