Што можат шминката и килограмите да направат од жените?

Овие актерки го сменија личниот опис заради своите улоги – и се претворија од убавици во ѕверови.

Што можат шминката и килограмите да направат од жените?

Ги гледате на црвениот тепих и мислите дека не сте подобри од нив. Честопати сакате да изгледате како нив, со одлична шминка, врвни фризури и најдобра гардероба. И тие сакаат така да изгледаат. Сепак, поради некои нивни улоги, тие целосно се трансформираат. Додаваат килограми, се опуштаат, огрдуваат. Кога снимањето ќе заврши тие брзо се враќаат во форма, што само може да покаже колку е флексибилно телото и лицето на жената и колку промени може да издржи.

Шарлиз Терон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thefilmagic 🎬 (@thefilmagic) on

Оваа русокоса, номинирана за втор Оскар, се здебелила 15 килограми за да ја долови улогата на жената, сериски убиец, Ејлин Вурнос, во биографскиот филм „Чудовиште“. За потребите на филмот таа не употребила крем за лице цели 6 месеци. Нејзината коса е неуредна и мрсна, со неопределена должина, повеќе валкана отколку чиста. И вредел целиот труд затоа што Шарлиз го доби својот прв Оскар токму за таа улога. Набрзо потоа таа се врати во „нормала“. Позната е како некој кој сака да вежба, па затоа немала проблеми да ја намали тежината за рекордно време.

Хилари Свонк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank) on

Уште една оскаровка. Таа ја освои наградата за улогата во филмот „Момчињата не плачат“. Во овој филм таа глуми тинејџерка во очајнички обид да стане момче. За потребите на улогата, таа ги сокри градите, ја скрати косата, и скоро секогаш беше облечена во машка облека. За вториот Оскар, таа отиде еден чекор подалеку. Во филмот „Девојка од милион долари“ таа игра жена-боксер која поголемиот дел од времето е покриена со крв и пот.

Ен Хатавеј

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinema World (@world_is_cinema) on

Убавата актерка е често во улоги каде се претвора во бел лебед од грдо пајче. Сепак, за улогата на Фантина во филмот „Клетници“ таа помина низ обратниот случај. Од убавица таа се претвори во сиромашна девојка со кратка коса, облечена во искината и валкана облека. Се разбира, споредната улога во овој филм ѝ донесе Оскар.

Рене Зелвегер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renee Kathleen Zellweger (@renee__zellweger) on

Во нејзиниот приватен живот таа е витка. А, за нејзината најпозната улога во кариерата, таа се откажа од американскиот акцент и препознатливата фигура. Збунетата Бриџит Џонс беше британска „буцка“, а Рене Зелвегер додаде 10 килограми за автентично да ја одигра улогата во филмот. Таа, наводно, внесувала 4.000 калории на ден за да ја достигне оптимална тежина.

Кејт Винслет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official) on

Таа ја игра секоја улога подеднакво совршено, а тоа беше случајот и со филмот „Жената на која ѝ читав“, во која ја глуми Хана Шмиц. Филмот опфаќа дејство од неколку децении, па актерката морала да се трансформира во постара госпоѓа за потребите на филмот. На крајот од филмот таа е ослабена, избрчкана и целосно седа жена, но затоа заслужено го доби и Оскарот.

Можеби сакате да прочитате и за 13-те актерки кои бремени снимале филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар