Дали постојаната желба за изложеност на сонце е еден вид зависност?

Дали постојаната желба за изложеност на сонце е еден вид зависност?

Изложувањето на сонце има низа придобивки за физичкото и за менталното здравје, како што се зголемено ниво на витамин Д и на серотонин. Безброј луѓе се изложени на зависности, но не стануваат сите зависни. Ова се должи на генетската компонента на зависност. Ова големо истражување се занимава со врската помеѓу однесувањето во потрага по сонце и генетските маркери на зависност.

Дали постојаната желба за изложеност на сонце е еден вид зависност?

Сончевата светлина и нејзиниот недостаток активираат ослободување одредени хормони во мозокот. Се смета дека изложеноста на сончева светлина го зголемува нивотот на серотонинот, кој е поврзан со подобрување на расположението и на концентрацијата.

Од друга страна, сончевата светлина го зголемува нивото на мелатонин, хормон кој поттикнува одмор и сон. Ако сончевата светлина не е во доволни количини, нивото на серотонин може да падне, а ниското ниво на серотонин е поврзано со зголемен ризик од сезонска депресија, порано познато како сезонско афективно нарушување.

Поради зголемувањето на серотонинот (хемикалија во човечкото тело за која се покажа дека помага во намалување на депресијата и регулирање на анксиозноста), природно е подолгото изложување на сончева светлина да доведе до одредена зависност во човечкото тело.

Некои луѓе се изложени на работи што создаваат зависнот (супстанции, лекови, па дури и сонце), но не стануваат сите зависни. Ова се должи на генетската компонента на зависност.

Обемното истражување на Кралскиот колеџ во Лондон опфатило повеќе од 260.000 луѓе за подобро да разберат како постојаната желба за изложеност на сонце е поврзана со гените кои ги вклучуваат зависноста, карактеристиките на однесувањето и функцијата на мозокот.

Истражувањето опфатило две фази. Првата фаза потврди дека генетиката игра улога во однесувањето поврзани со желбата за сонце, а втората фаза помогна да се утврди кои се генетските маркери.

Фаза 1: Истражувачите проучувале детални здравствени податоци за 2.500 близнаци, вклучувајќи ја и нивната желба за изложеност на сонце и нивната генетика. Еднојајчаните близнаци имале слични афинитети кон сонцето отколку двојајчаните близнаци, што сугерира дека генетиката игра улога тука.

Фаза 2: Тимот истражувачи идентификувале пет клучни генетски маркери одговорни за ваквото однесување од дополнителна анализа на 260.000 учесници. Некои од овие гени се поврзани со однесувањето што е карактеристично за зависноста (вклучувајќи пушење и консумирање алкохол).

„Нашите резултати сугерираат дека справувањето со прекумерното изложување на сонце или користењето солариум може да биде попредизвикувачко отколку што се очекуваше бидејќи е под влијание на генетски фактори. За јавноста е важно да биде свесна за ваквите генетски предиспозиции и за потенцијалната штета од прекумерната изложеност на сонце“, вели авторот на истражувањето, д-р Марио Фалчи.

Прочитајте кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар