Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачки остров до кој води мост долг 3 750 метри

Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачки остров до кој води мост долг 3 750 метри

Меѓународниот аеродром Кансај е архитектонско чудо. Сместен е на вештачки остров што е долг 4 километри и широк околу 2,5 километри, а се наоѓа во средината на заливот Осака, во близина на најголемиот јапонски остров Хоншу.


Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачкиот остров до кој води мост долг 3 750 метри

Поради недостатокот на простор во земјата на изгрејсонцето, но и за да се намали оптовареноста на меѓународниот аеродром во Осака, Јапонците започнале да градат вештачки остров во 1987 година, а седум години подоцна, на него слетале големи патнички авиони. Денес, низ него минуваат околу 30 милиони патници.

Во изградбата на островот биле искористени десетици милиони кубни метри материјал, кои биле влечени од осумдесет бродови и во кои учествувале повеќе од 10 000 работници.

Еден од најголемите предизвици за инженерите бил да изградат вештачки остров и аеродром што ќе можат да ги издржат постојаните земјотреси во областа, како и многубројните циклони. Но, градежниците не размислувале за последиците од климатските промени бидејќи аеродромот може да биде целосно под вода за 50 години.

Згора на сè, требало да се изгради мостот „Sky Gate R“, што е долг 3 750 метри и го поврзува овој остров со копното, поточно со градот Ринку и што овозможува пристигнување и заминување од аеродромот со автомобил или воз.

Во продолжение погледнете како изгледа третиот најфреквентен аеродром во Јапонија.

Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачкиот остров до кој води мост долг 3 750 метри

Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачкиот остров до кој води мост долг 3 750 метри

Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачкиот остров до кој води мост долг 3 750 метри

Погледнете како изгледа најдоброто место во светот за набљудување виножита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар