Претходно
Четиригодишниот двојник на Бруно Марс
Во познатото американско ТВ шоу на водителката Елен Деџенерис се појави уште една Јутјуб-сензација. Имено, станува збор за четиригодишниот Кај Лангер, кој се прослави на Јутјуб со неговата изведба на песната „Grenade“ од Бруно Марс.
Облечен во стилот на Бруно Марс, малиот Кај ќе ве расположи и насмее.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




























