Бонтон на маса: 14 манири за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато

Можеби вам веќе ви се познати основните принципи за бонтонот на маса и ако тоа е така, веројатно сте изненадени кога ќе наидете на луѓе, кои тотално не ги знаат. Но, сепак постојат некои не толку очигледни манири, на коишто би било добро да обрнете посебно внимание. Така на пример, многу луѓе не знаат која храна смее да се јаде со раце, а во кои случаи е подобро да се користи прибор за јадење.

Бонтон на маса: 14 манири, за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато

Погледнете ја оваа листа од 14 практични совети, кои ќе ви помогнат да се чувствувате удобно додека јадете на некоја свечена прослава или деловен состанок. Со нивна помош, ќе избегнете да се чувствувате посрамотени поради евентуалните грешки, кои ќе ги направите на масата.

1. Мисо супа

Популарната јапонска Мисо супа обично се послужува во мал, длабок сад, којшто треба да го кренете со вашата дланка и да пиете мали голтки од течноста. Од друга страна, стапчињата за јадење се наменети за придржување на тофуто и другите состојки. Откако ќе ја испиете течноста, можете да го изедете и тофуто, печурките и другите цврсти состојки, со помош на лажица или стапчиња.

Бонтон на маса: 14 манири, за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато

2. Сланина

Бидејќи крцкавата сланина може да се скрши ако ја пресечеме со нож, сосема е прифатливо да се јаде со раце. Меката сланина е обично доста мрсна, па доколку не сакате да си ги извалкате рацете, можете да користите нож и виљушка.

Бонтон на маса: 14 манири, за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато

3. Маслинки

Кога маслинките се послужени како мезе, можете да ги јадете со раце. Но, ако тие се дел од состојките во некое јадење, како на пример во салата, тогаш треба да ги боцнете на виљушка. Исто така, можете да ја изедете маслинката ставена во чашата со мартини, но само откако ќе го испиете пијалакот и целосно ја фрлите во устата, без да ја гризете на залчиња.

Бонтон на маса: 14 манири, за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато

4. Кременадли од риба

Кременадлите пресечени од риба, најчесто од лосос или крап, може да се јадат со специјален прибор: виљушка со три запци или нож со форма на шпатула. Месото од рибата е многу меко, па затоа треба внимателно да се одвои со нож и потоа да се внесе во устата со виљушка. Исто така, ножот може да се користи и за тргање на кожата и коските на страна.

Бонтон на маса: 14 манири, за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато

5. Цело парче риба

Најпрво, треба да ја пресечете рибата на средина, почнувајќи од главата кон опашката, без да го допирате ‘рбетот со ножот. Поткренете го горниот дел од парчето со нож, како да отворате дебела корица од книга, а останатиот дел од месото, придржувајте го со виљушката. Ставете ги пресечените парчиња, во слободниот дел од чинијата. Користете виљушка, за да го отстраните ‘рбетот и ставете го во чинијата за коски. На крај, можете да прснете малку лимон врз рибата и започнете да ја јадете со истата виљушка и нож.

Бонтон на маса: 14 манири, за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато
Погледнете ги останатите бонтон правила за на маса, на следната страница

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар