Ако ја имате оваа буква на вашата дланка, животот ви е благословен

Ако сте едни од оние луѓе кои не веруваат дека постои барем мала вистина во науката зад читањето на дланките, тогаш ова најверојатно не е за вас. Исто како и во секоја друга уметност чии корени се израснати во метафизичкото и спиритуалното, сите информации се значајни само за оние кои веруваат во нив. Истото важи и за астрологијата, видовитоста, па дури и вуду магијата.

(0) Ако ја имате оваа буква на вашата рака, животот ви е благословен

Но, доколку верувате и уживате во овие мисли за магија, симболизам и можност за нешто поголемо (без разлика што тоа значи), тогаш дефинитивно ќе ви се допаднат овие информации. Особено ако сте доволно среќни да ја имате оваа буква на вашата рака.

Читањето од дланките е една од најстарите студии во светот, запишана во книгата на Јова. Таа најмногу се применувала во Античка Кина и Индија. И покрај тоа што многу нешта од оваа „уметност“ се смениле со текот на годините, постои еден базичен концепт кој сè уште има големо влијание: значењето на буквата М.

(1) Ако ја имате оваа буква на вашата рака, животот ви е благословен

Буквата М се создава низ линиите на дланката кои се нарекуваат срце, глава и живот. Оние кои се родени со оваа буква на нивната дланка се високо мотивирани и благословени со самодисциплина. Токму затоа и најчесто се неверојатно надарени во нивните кариери кои претежно се наоѓаат во областа на новинарството, пишувањето или едукацијата. Тоа е и една од причините зошто ги привлекуваат менаџерски позиции и имаат големи шанси да заработуваат повеќе пари. Сепак тоа не е најголемата предност на оние со буквата М на својата дланка. Тие исто така и неверојатно добро проценуваат нечиј карактер и се способни да читаат меѓу редови.

Но, не се радувајте пред време. Овие дарби постојат само доколку се наоѓаат на спротивната рака од онаа со која пишувате. Па, доколку ја гледате буквата М само на својата лева рака, а сте леваци, вие ја имате истата судбина како и оние кои воопшто ја немаат оваа буква на своите дланки. Извинете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    Е баш погледнав и ја имам буквата М на левата рака. (деснак сум)

Остави коментар