Администрацијата за храна и лекови предупредува за новиот потенцијално опасен вагинален тренд

Од прославувањето на операцијата за менување на формата на вулвата, до избелувањето на вагиналните усни, модерните идеали за убавина изгледа дека ги убедуваат жените дека треба да го подобрат изгледот на нивните гениталии.

Администрацијата за храна и лекови предупредува за опасниот вагинален тренд

Додека овие примери се однесуваат на надворешниот изглед, расте популарноста и на внатрешните зафати за затегнување на вагината. Овие третмани наречени „вагинално подмладување“ зависеле од операции, но сега постојат и третмани кои не бараат хируршки зафат. Овие третмани кои наводно даваат исти резултати, вклучуваат ласери и направи со радиофреквенција со кои се менува вагиналното ткиво.

Проблемот со третманите на база на енергија е тоа што не само што поставуваат нереални стандарди за убавина, туку вклучуваат и употреба на моќни направи кои не се докажани како безбедни за оваа намена.

Поради зголемувањето на популарноста на процедурите, Администрацијата за храна и лекови покажала загриженост и дала изјава со која предупредува за опасностите што доаѓаат со зафатите.

„До денес немаме одобрено употреба на никакви енергетски направи за третирање на овие симптоми или состојби, или кои било симптоми поврзани со менопауза, уринарни проблеми и сексуален перформанс. Третирањето на овие симптоми или состојби со употреба на енергетски направи на вагината можат да предизвикаат сериозни оштетувања како изгореници, лузни, болка за време на секс и повторлива или хронична болка.“

Третманите за подмладување со ласери и радиофреквенција се релативно нов медицински концепт во кој се користи направа дизајнирана за уништување ткиво. На пример, за да се отстрани ткиво потенцијално заболено од рак се намалува интензитетот за да се загрее само тоа ткиво. Ова насочено загревање го модифицира колагенот и ги стимулира клетките што произведуваат колаген во ткивото.

Според неколку истражувања се покажало дека некои ласери и некои направи со радиофреквенција можат да го подобрат сексуалниот перформанс. Но, поради малиот број пациенти во секое од истражувањата, многу гинеколози се убедени дека се потребни уште докази што ќе го потврдат ова. Покрај тоа, голем дел од испитувањата биле спроведени од страна на приватни болници и центри за козметичка хирургија кои нудат услуги за вагинално подмладување, што значи дека нивните резултати се далеку од објективни.

Производителите на седум електронски направи добиле официјални писма за предупредување од Администрацијата за храна и лекови бидејќи ги рекламирале нивните производи на погрешен начин.

„Ги контактиравме овие производители за да ја споделиме нашата загриженост и ќе ги набљудуваме нивните тврдења за употребата на нивните производи. Покрај тоа ќе продолжиме да ги набљудуваме извештаите за настаните поврзани со овој проблем и ќе ја информираме јавноста доколку добиеме значајни нови информации.“

Погледнете и кои се митовите за вагината во кои треба да престанете да верувате.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар