9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Најдобрите спомени се случуваат на одмор, па ако сакате да резервирате патување, овие дестинации треба да ги земете предвид. Според едно истражување во кои биле опфатени 42 дестинации, трошоците за храна, за пијалаци и за другите потреби се најниски во овие туристички места.

1. Сончев Брег, Бугарија

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Сместен на брегот на Црното Море, Сончев Брег го зазеде првото место на списокот со најевтини дестинации за патување. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени, а таму ве очекуваат долги песочни плажи, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар.

2. Мармарис, Турција

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Мармарис е за нијанса поскапа дестинација од Сончев Брег, но ако сакате мирен и тивок одмор изберете го овој турски крајбрежен град каде што ве очекуваат многу историски знаменитости и возбудливи пловења. Освен тоа, по заоѓањето на сонцето ве очекува живописен ноќен живот.

3. Токио, Јапонија

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Токио се најде на третото место и поради тоа вреди да направите едно долго патување за да го посетите овој град. Изберете ја јапонската престолнина ако сакате комбинација на современото и на традиционалното. Таму ве очекува контраст од футуристички шопинг и тивки прошетки низ градините.

4. Алгарве, Португалија

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Нема потреба да се објаснува убавината на Алгарве, доволно е само да ја погледнете фотографијата. Ова живописно португалско крајбрежје е идеално за секаков вид одмор, без разлика дали сакате да посетувате ноќни клубови и барови или сакате да го доживеете амбиентот на локалниот пазар.

5. Коста дел Сол, Шпанија

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Беше очекувано Шпанија да се појави на овој список, па еве ја на петтото место. Коста дел Сол е речиси секогаш светло и сончево место. Упатете се кон Марбела ако сте расположени за луксузни искуства или кон Торемолинос ако сте љубители на храна.

6. Кејптаун, Јужна Африка

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Јужна Африка изненадувачки се појави на оваа листа. Во Кејптаун ве очекуваат живописни сцени и пејзажи што го одземаат живот, па многу брзо ќе го исполните вашиот албум со фотографии од ова патување. Посетете ја планината со карактеристична форма на маса, а ако сте доволно храбри, резервирајте нуркање во кафез.

7. Хои Ан, Виетнам

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Хои Ан е идеална дестинација за оние што сакаат да дознаат како изгледа традиционалниот виетнамски живот. Ова место ќе ви понуди мирен шопинг и увид во познатата индустрија за свила, а можете и да пливате во топлите води на Јужнокинеското Море.

8. Бали, Индонезија

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Во Бали ве очекуваат неверојатни храмови, искачувања по планини и разгледување мајмуни. Не пропуштајте ја и можноста за нуркање бидејќи островот се наоѓа во разновидниот корален триаголник.

9. Прага, Чешка

9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

Ставете ја Прага на списокот за патувања во текот на следната зима. Позната по своите раздвижени празнични пазари, Прага е идеално зимско чудо. Љубителите на историјата ќе уживаат во средновековниот кварт, полн со улици од калдрма и со импресивна архитектура.

Погледнете каде треба да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Goran Markoski Reply

    kaj go najdovte Tokio kako eftina destinacija??

    Eight of the top 10 cities named in the Cost of Living survey are in Asia, up from six entries in 2018. Hong Kong’s red-hot housing market and fluctuations in its currency—which is pegged to the strong U.S. dollar—kept the city at the top of the list. Tokyo came in second, followed by Singapore, Seoul, Zurich and Shanghai.
    BALI, CAPETOWN …PA ZA TAMU KOLKU KOSTA KARTA ZNAETE LI…
    PRILICNO AMATERSKI NAPIS

    • Христина Видевска Reply

      Почитувани,
      Во истражувањето се опфатени 42 дестинации и списокот е направен според трошоците за храна, за пијалаци и за други работи што се потребни за одмор (крем за сончање, средство против инсекти итн.), но не се вклучени трошоците за пат.

  2. Анонимен Reply

    Јапонија е една од најскапите земји во светот. Токио никако не одговара на листава.

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор