Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Кога станува збор за поставувањето новогодишни цели, една од најчестите е повеќе патувања во новата година. Ако планирате да патувате во текот на оваа година, но сте неодлучни која дестинација да ја изберете, астрологијата ќе ви даде инспирација.

Овен – Биг Сур, Калифорнија

Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Поради неверојатниот поглед исполнет со драматични карпи, океанот и чистото небо, Биг Сур е најскапоцениот камен на централниот брег на Калифорнија. Личностите родени во овој хороскопски знак ќе имаат многу обврски во текот на целата година, па потребно е да одвоите малку време за да се исклучите од технологијата и повторно да се поврзете со внатрешно јас. Далечна и недопрена, оваа дестинација е совршено место за тивок одмор.

Бик – Рим, Италија

Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Во текот на оваа година ги средувате финансиите, па размислете еден дел од буџетот да искористите за големо патување во странство. Рим е идеална дестинација за вас поради богатата историја на градот што е илустрирана преку уметноста и архитектурата. Освен тоа, има ли нешто подобро од свежо направени тестенини и бескрајни можности за шопинг?

Близнаци – Седона, Аризона

Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Оваа година ќе биде година на големи лични и духовни трансформации, така што изборот на дестинација за одмор треба да го рефлектира вашиот внатрешен развој, а тоа може да биде волшебниот град Седона. Прекрасните пустински предели и убавината на црвените карпи ќе ве воодушеват.

Рак – Монтреал, Квебек, Канада

Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Од вас ќе се појави целосно нова страна во 2020 година, па дефинитивно ви треба некоја чудна и романтична енергија. Кое место е подобро за истражување од Монтреал? Најнаселениот град во Канада, кој се наоѓа во француската провинција Квебек, е центар на уметноста и на културата инспирирани од Европа.

Лав – Њујорк

Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Постојано сте во брзање градејќи една сосема нова верзија од животот што сакате да го живеете, па ако одите на одмор, одете некаде каде ќе можете да се нахраните со енергичност и со брзо темпо на живеење. Њујорк има од сè по малку, а метежот и вревата нема да ве заобиколат и поради тоа многу е веројатно дека едноставно ќе се инспирирате во овој град.

Девица – Чијанг Мај, Тајланд

Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

Оваа година ќе направи похрабра верзија од вас. Дали можете да почувствувате дека вашите хоризонти се прошируваат? Излезете од вашата удобна зона и уживајте во знаменитостите, во звуците и во вкусовите на Чијанг Мај. Посетете ги неверојатните храмови и плажи, а можете да патувате и до блискиот остров Ко Панган за незаборавна забава на полна месечина.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар