7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес

Секој временски период има свои трендови, како во модата, така и во изгледот. Во минатото, стандардите за убавина биле толку необични, па доколку жените сакале да имаат совршени резултати морале да користат навистина чудни методи. Веројатно сте слушнале за врзување на нозете и за истегнување на вратот со метални прстени. Исто така, имало и експерименти за „убавина“ кои не само што биле болни, туку биле и опасни.

Погледнете кои други ритуали за убавина постоеле во минатото.

1. Веѓи во повеќе бои

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Што се однесува до човечкото лице, веѓите веројатно најмногу страдале кога станувало збор за стандардите за убавина. На пример, во античка Грција, биле модерни споените веѓи и доколку кај жената не биле споени, таа користела специјален „имплант“ направен од козјо крзно.

Но, жените од средновековна Кина отишле уште подалеку. Во II и III век, тие почнале да ги прават веѓите шарени. Еден од императорите во тоа време им наредил на своите жени да имаат сино-зелени веѓи. За да одговорат на наредбата, жените ги отстранувале своите веѓи и цртале нови, користејќи скапо мастило кое се увезувало од други земји. Тоа не се правело само заради задоволство на императорот, но тоа било и негов начин да им покаже на другите луѓе колку е тој богат, бидејќи само многу богатите луѓе можеле да си го дозволат тоа мастило.

Но, овој тренд не живеел многу долго и природните веѓи повторно биле популарни. Обликот варирал од долги и тенки до кратки и дебели веѓи.

2. „Високи“ чела

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

На крајот на XIV век, кралицата Исабеу од Баварија, според историчарите, го поставила трендот за високи чела и долги, тенки вратови. За да ги следат стандардите за убавина, жените ја отстранувале косата на челото и на задниот дел од главата, па дури ги отстранувале и веѓите. Исто така страдале и трепките: понекогаш ги отстранувале целосно, и тоа не само од горниот капак, туку и од долниот.

3. Долги нокти

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Во Кина, долгите нокти биле во тренд неколку векови и причината била прилично невообичаена: долгите нокти биле знак дека сопственикот не морал да работи ништо со своите раце, бидејќи можел да си дозволи да плати слуги.

За време на Династијата Кинг која владеела во земјата скоро 3 века (do пред почеток на XX век), овој тренд го достигнал својот врв. Тоа не било многу пријатно, па затоа владетелите имале долги нокти само на прстите со прстен и малите прсти. За да го избегнат кршењето, тие носеле специјални „кутии“ изработени од благородни метали.

4. Бледа кожа

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Трендот на многу бледа кожа го достигнал својот врв во XVIII век во Англија. За да ја направат кожата што е можно побледа, жените користеле прилично необични методи како на пример суво коњско ѓубриво. Но, најопасниот метод бил со олово кое со користело за избледување на лицето. Најголеми количини на олово имало во црвената боја која се ставала на усните и образите за да се создаде контраст. Покрај тоа, жените користеле сини моливи и си исцртувале вени на лицето за да го истакнат нивното бледило.

5. Бели заби

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Луѓето кои живееле во Грегоријанско доба не само што ја избледувале својата кожа, туку ги избелувале и забите. За да ги направат бели, тие користеле прав кој содржи сулфурна киселина. Поради тоа забите и непцата на луѓето се уништувале, но богатите луѓе оделе на заболекар и можеле да си дозволат импланти. Користеле донирани заби кои луѓето им ги давале на лекарите.

По битката кај Ватерло, забите на војниците кои починале биле користени како импланти. И покрај тоа што во втората половина на XIX век постоеле импланти направени од порцелан, некои од докторите одбивале да ги користат и ги претпочитале забите од војниците.

6. Светла коса

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Благодарение на Петрарка и неговата муза, Лаура, која била симбол на убавината и доблеста, светлата коса  во XV век станала многу популарна. За да ја осветлат косата, жените ги боеле своите локни. Но, постапката траела многу подолго отколку денес и тоа до неколку дена. Во текст напишан во XIX век било просведочено дека процесот на осветлување на косата се изведувал во 2 фази. Откако ќе се направела првата мешавина, која се состоела од неколку компоненти, ја покривале косата со листови и оставале да стои 2 дена. Потоа ја измивале таа смеса и нанесувале друга, што стоела на косата уште 4 дена.

7. Тенок струк

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Прототипите на корсетите кои се користеле за струкот да изгледа потанок, се појавиле во бронзеното доба. Но, според различни експерти, луѓето во Европа започнале да ги користат во XV или XVI век. Врвот на овој тренд бил достигнат за време на владеењето на Катерина де Медичи и во овој период корсетите го смалувале обемот на струкот и до 25 см, што предизвикувало ужасни последици врз внатрешните органи.

Можеби сакате да ги прочитате и 16-те чудни холивудски трикови за убавина од минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

  1. лол Reply

    Какви розови прсти бе дечки? Pinky finger се преведува ко мал прст.

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор