7 смртоносни растенија кои можеби ги имате во вашиот дом или градина

Автор: Сара Турановиќ

Сигурно и вие во вашиот дом имате неколку омилени растенија кои би требало да ги исфрлите поради нивната токсичност, особено ако имате мали деца или домашни миленичиња, бидејќи не можете секогаш да го контролирате нивното движење. Може да се случи од љубопитност да пробаат од некое растение кое е отровно. Симптомите на труење од овие растенија се различни и се неизбежни. Еве листа на најчестите отровни растенија кои можеби ги имате во вашиот дом.

1. Рододендрон

Ова прекрасно растение е одличен украс за вашиот двор, но бидете многу внимателни, бидејќи конзумирањето на цветовите, стеблото и листот од ова цвеќе може да доведе до опасно труење. Главни симптоми на труење се: болки во стомакот, отежнато дишење, парализа, кома па дури и смрт.

1-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradina

2. Олеандер

Олеандерот цвета во бела, розова и црвена боја. Многу е убав и најчесто децата ги кинат цветовите. Но, доволен е само еден лист за детето да се отруе. Симптомите на труење ги вклучуваат: треперење, забавени отчукувања на срцето и вртоглавица.

2-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradina

3. Кукута

Ова цвеќе во вашиот двор може да се појави како трева. Ако имате домашни миленичиња задолжително уништете го. Отровот од ова растение мириса на морков и ги привлекува животните. Ако се изеде, директно го напаѓа нервниот систем. Исто така може, како кај животните така и кај луѓето, да предизвика епилепсија, па дури и смрт.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

4. Жолт нарцис

Кај жолтиот нарцис најотровен дел е неговата луковица. Иако изгледа преубаво, размислете два пати дали ќе го посадите. Ако се сомневате дека вашиот миленик го изел, однесете го веднаш кај ветеринар. Симптомите кои се јавуваат после труењето со жолт нарцис се: дијареја, повраќање, треперење, грчеви и срцева аритмија.

4-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradina

5. Англиски тис

Кај ова растение најопасно е неговото семе. Меѓутоа, не се ништо помалку отровни и останатите негови делови. Алкалоидите кои се наоѓаат во тисот може да предизвикаат: грчеви, парализа, а во најлошиот случај може да дојде до срцев удар.

5-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradina

6. Хортензија

Ова прекрасно цвеќе содржи опасен отров, цијанид. Но, не грижете се премногу. Луѓето и животните би требало да изедат „голема“ количина од него за да им наштети.

6-7-smrtonosni-rastenija-koi-mozhebi-gi-imate-vo-vashiot-dom-ili-gradina

7. Филодендрон

Билниот сок кој го содржи филодендронот може да ѝ наштети на кожата и на усната празнина. Може да дојде до отежнато дишење, оток на грлото и стомачни болки. Па затоа би било добро оваа билка да не ја чувате во вашиот дом, доколку имате мали деца и домашни миленичиња.

Philodendron scandens

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар