10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

Очите се неверојатно комплексен орган, така што нормално е до сега да не сте знаеле за овие десет работи поврзани со нив.

10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

1. Од големината на окото зависи дали ќе бидете кратковид или далекувид

Кратковидите луѓе имаат подолги очи од оние кои се далекувиди. Разликата меѓу нив е неверојатен еден милиметар, а тој одлучува дали подобро ќе ги гледате работите кои се далеку или полиску до вас.

2. Луѓето со сини очи имаат некој заеднички предок

Според научници од Универзитетот Копенхаген сините очи се развиле како мутација кај еден човек која настанала пред илјадници години. Инаку до тогаш сите имале кафеави очи.

3. Некои луѓе имаат страв од очи

Стравот од очи се нарекува оматофобија. Луѓето кои страдаат од него се плашат своите очи да ги вперат во нечии туѓи очи.

4. Очите сè гледаат наопаку

Очите се така структурирани што целиот свет го гледаат наопаку, но мозокот ја процесира сликата и ја исправа како што треба. Тој процес е толку брз што ние не го ни забележуваме.

5. Очите можат да добијат изгореници од сонцето

И очите можат да изгорат од сонцето, но не толку брзо како што тоа се случува со кожата. Ним им треба подолго време. Затоа треба очите да се заштитуваат со очила за сонце.

10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

6. И слепите луѓе сонуваат

Луѓето кои можеле да гледаат кога се родиле, но подоцна го загубиле видот, сè уште можат да сонуваат и да гледаат слики во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи не знаат како изгледаат работите и затоа не ги сонуваат.

7. Трепкаме 28000 пати во текот на денот

Не го чувствуваме тоа, но трепкаме по 15-20 пати во минута и до 28000 пати во текот на денот. Се претпоставува дека тоа го правиме за да му дадеме на мозокот краток одмор од процесирањето на сликите.

8. Кучињата нè разбираат преку нашите очи

Кучињата го следат движењето на начите очи за да разберат каква порака сакаме да им пренесеме. И бебињата користат сличен метод.

9. 6/6 видот е нормална појава и не ве прави натпросечни

Имате 6/6 вид ако при правењето на тест каде што треба да препознаете буквите на бела табла пред вас можете на шест метри одалеченост да ги распознаете буквите со кои на нормален човек би му требале исто така шест метри. Најдобриот регистриран тест за вид е 6/3, односно некој од шест метри можел да го види тоа што за кое на некој друг му е потребна близина од три метри.

10. Човечкото око може да разспознае над 10 милиони бои

Поради овој неверојатен квалитет често пати не можеме да се согласиме околу тоа каква нијанса има некој предмет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар