5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите

5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите

Позната ни е изреката дека една слика вреди илјада зборови, која во денешно време може да се интерпретира со илјада лајкови. Но, кога станува збор за фотографиите на кои сакате да се појавите цели, од глава до петици, проблем може да биде вашата висина, поради што пониските девојки го избегнуваат таквото фотографирање кога не носат високи потпетици. Еве неколку трикови, како без потпетици да изгледате повисоко на фотографиите на кои ќе се гледа вашето убаво тело.


1. Поставете рака над главата

(1) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетици

Ова е еден супер и лесен трик со кој ќе направите оптичка измама и ќе изгледате повисоко на фотографиите. Раката можете да ја поставите над челото, во делот на косата или над шапката, која ја носите во топлите летни денови. Тоа ќе ја прикаже вашата силуета во издолжено издание. Но, да бидеме искрени, тоа не значи дека раката треба да ви биде вашето „оружје“ на секоја фотографија.

2. Поткренете се на прсти

(2) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетици

Овој трик можеби изгледа детски и малку наивно, но успева. Тоа дури добро влијае и на изгледот на вашите нозе и задник, затоа што на тој начин ги затегнувате мускулите. Само внимавајте да не ја поставувате главата високо, затоа што може да испаднете како на фотографиите од градинка.

3. Поставете ги рамениците наназад

(3)5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетици

За да изгледате повисоко, треба и убаво да се исправите. Замислете си дека на врвот од вашата глава има жица која ве влече нагоре и рамениците ќе се вратат наназад. Едноставен трик, кој секогаш успева.

4. Поставете ја едната нога врз другата

(4) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетици

Поставете ја едната нога врз другата и ќе добиете оптичка илузија којашто ќе направи да изгледате повисоко. На овој начин, вашето тело на фотографијата ќе изгледа повисоко и повитко.

5. Поставете го фотоапаратот пониско

(5) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетици

Поставете го фотоапаратот пониско, под нивото на вашата глава, со што во фокус ќе биде вашето торзо. Така ќе добиете на висина, а и нозете ќе ви изгледаат подолго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар