5 работи кои должината на машките прсти ги открива за нив

5 работи кои должината на машките прсти ги открива за нив

Односот помеѓу должината на вториот и четвртиот прст на раката на мажите се поврзува со мноштво физички и лични карактеристики. Според многу студии, должината на прстите зборува за карактерот, интелектот и психологијата на личноста. Еве неколку работи кои должината на неговите прсти ги открива за него.

5-raboti-koi-dolzhinata-na-mashkite-prsti-gi-otkriva-za-niv-kafepauza.mk

1. Односот со жени

Според една нова студија објавена во списанието „Personality and Individual Differences“ мажите со пократок показалец и подолг домал прст обично се пофини со жените. Ова откритие може да е резултат на изложеноста на количината на секс хормони во утробата.

Во студијата, повеќе од 155 луѓе (и мажи и жени) пополнувале формулари за секоја социјална интеракција со припадник од спротивниот пол која траела 5 минути или подолго во период од 3 недели, користејќи листа со „пријателски“ и „кавгаџиски“ однесувања. Мажите со пократок показалец во однос на домал прст се нашле во отприлика за 1/3 повеќе пријателски односи со жени, и за 1/3 помалку кавгаџиски отколку мажите со обратна пропорција на двата прсти.

Претходно истражување има откриено дека овој „2П:4П“ однос – односот на должината на вториот прст (показалецот) и четвртиот прст (домалиот прст) – ја открива количината на машки хормони, главно тестостерон, на која личноста била изложена во утробата. Колку повеќе тестостерон, толку подолг домал прст.

2. Големината на пенисот

Според една студија од 2011 година објавена во „Journal of Andrology“ помалиот „2П:4П“ однос укажува на подолг пенис.

Студијата вклучувала 144 волонтери на возраст од минимум 20 години кои требало да прават некакви уролошки операции. Додека мажите биле под анестезија, истражувачите ги мереле нивните пениси (и спуштени и испружени), како и нивните прсти.

Пократкиот показалец во однос на домалиот прст укажувал на подолг испружен пенис, што се поврзува со пенисот во ерекција, што пак според истражувачите се должи на изложеноста на тестостерон во утробата.

3. Атрактивност на лицето

Мажите кои имаат пократок показалец одошто домал прст може исто така да имаат поубави лица, сугерира студија од 2011 објавена во списанието „Proceedings of the Royal Society“.

Количината на тестостерон на која е изложена бебето пред да се роди може да влијае на развојот на лицето на индивидуата, како и колку е тоа атрактивно.

Според едно претходно истражување, жените преферираат мажи со мажествени, „пештерски“ лица. Со други зборови, жените традиционално се повеќе привлечени од мажи кои имаат релативно краток, дури згмечен горен дел од лицето како на Бред Пит и Вил Смит.

4. Резултати на приемните испити

Многу корелации за должината на прстите важат за мажите, но некои се точни и за жените.

За децата од двата пола, односот во должината на прстите се поврзал со резултатите на тестирањата за прием на факултет, според студија објавена во „British Journal of Psychology“ во 2007.

Тим од научници направиле фотокопии од дланките на децата и ги измериле нивните прсти. Тогаш ги споредиле овие мерки со резултатите кои и машките и женските ги постигнале на тестирањата. И кај двата пола кои имале пократок показалец од домал прст резултатите во просек биле повисоки на тестовите по математика во однос на вербалните. Девојчињата пак, со поголем однос на прстите (подолг домал прст во однос на показалецот) успеале да покажат подобри резултати на вербалниот дел од тестот за разлика од математичкиот.

5. Ризик од рак на простатата

Иако имањето пократок показалец во однос на домалиот прст има свои предности, исто така има и своја цена – поголем ризик од рак на простатата, сугерира една студија од 2010 објавена во „British Journal of Cancer“.

Истражувачите го гледале односот на овие прсти на 1.500 пациенти заболени од рак на простатата и на 3.000 здрави мажи во период од 15 години. Тие побарале од мажите да погледнат во слики од раце и да ја изберат онаа која е најслична на нивната.

Мажите со иста должина на показалецот или поголема од должината на домалиот прст имале за 33% помалку шанси да бидат дијагностицирани со рак на простата за разлика од мажите кои имале пократок показалец.

Добрата вест е дека 33% е сепак мал процент, па мажите со помал однос на прстите не треба да бидат премногу загрижени за ова.

Прочитајте и: Што откриваат вашите дланки?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар