5 држави што немаат реки

5 држави што немаат реки

Во светот што е поделен на речиси 200 земји, природните ресурси не се „подеднакво“ распределени. Сè повеќе се зборува за недостатокот на вода, но некои држави се целосно лишени од нешто што често го земаме здраво за готово, а тоа се реките. Додека Русија има илјадници реки, една голема и богата земја нема ниту една. Сепак, има повеќе земји без ниту една река, околу 15, а еве некои од нив:

1. Либија: Реките доаѓаат и си одат

5 држави што немаат реки

Пустинската земја во Северна Африка не може да се пофали со постојана река. Она со што може да се пофали е т.н. Голема Река создадена од човечки раце. Станува збор за огромен систем на цевки што ја наводнуваат земјата и сочинуваат 70 проценти од изворот на вода за пиење во Либија.

2. Бахреин: Стабилна нула

5 држави што немаат реки

Островското кралство Бахреин, исто како и Либија, нема постојани реки. Покрај тоа, податоците за периодот помеѓу 1972 и 2017 година покажуваат дека нивото на површинските течности останува стабилно: „околу нула милијарди кубни метри годишно“.

3. Саудиска Арабија: Десалинизација како решение?

5 држави што немаат реки

Оваа земја зафаќа површина од 2 150 000 квадратни километри и нема ниту една река, а обезбедува вода за 34 000 000 жители.

Речиси половина од водата за пиење доаѓа преку десалинизација, односно отсолување на морска или солена вода. Многумина се прашуваат дали тоа е решението за иднината на светот, каде што сè повеќе се зборува за недостатокот на вода.

4. Ватикан: Најмалата земја во светот без река

5 држави што немаат реки

Ватикан нема ниту една река, а е оддалечен околу 400 метри од италијанската река Тибар. Тибар е сè повеќе предмет на јавна дебата поради загадувањето на водата, па можеби Ватикан не е толку несреќен што нема река. Нешто губите, нешто добивате – во овој случај, добивате помалку грижи.

5. Малта: Голиот бисер на Медитеранот

5 држави што немаат реки

Заедно со Ватикан и Монако, Малта е третата и последна европска земја што нема ниту една река. Покрај тоа, нема (постојано) езеро. Ако погледнете сателитска снимка на овој архипелаг среде Медитеранот, ќе забележите сиво-кафени тонови, со само неколку траги од зеленило. Но, секогаш постои поглед кон морето и радост кога прогнозата најавува дожд.

Прочитајте за оазата „Сива“ во Египет – едно од најчудните места што треба да ги посетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар