Претходно
24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетици
Датум: 09 ное 2014
Коментари: 0
Ги сакаме високите потпетици. Прават да се чувствуваме добро и моќно, и некој сантиметар повисоко од она што сме. Но, неизбежно се соочуваме со по некој проблем секојпат кога ќе облечеме високи потпетици. Еве дел од нив.

1. Ги облекувате штиклите со намера да владеете со нив, но за брзо сфаќате дека тие ја имаат контролата над вас.

2. Одбивате да понесете со себе резервни обувки верувајќи дека сè ќе биде во ред…

3. За набрзо да дознаете колку не сте биле во право.

4. Се обидувате да изгледате софистицирано и кул со штикли, но изгледате вака…

5. Плускавци, плускавци, плускавци…

6. Кога фластерите што ги ставате на плускавците ќе паднат.

7. Кога се обидувате да возите со штикли.

8. Губење циркулација во стапалата и неможност да ги почувствувате прстите на нозете.

9. Но, некако успевате да чувствувате голема болка.

10. Кога носите штикли со отворени прсти чувствувате дека можеби вашите прсти се деформирани засекогаш.

11. Се движите како полжав за да не се препнете и повредите.

12. Но, понекогаш успевате целосно да изгубите контрола.

13. Се обидувате да трчате за да фатите такси на пример.

14. Она чувство како да ви горат табаните на стапалата.

15. Или кога задниот дел од штиклите се тријат од вашите глуждови.

16. Префрлање на тежината од една на друга нога за да си ги одморите нозете.

17. Некако успевате да се сопнете буквално на прав пат.

18. Или паѓате од само стоење.

19. Кога чувствувате болка до солзи по долго стоење во штикли.

20. Кога ќе направите ужасна грешка и ќе ги облечете штиклите откако еднаш сте ги соблекле.

21. Она чувство кога не сакате ништо повеќе во животот, туку само да седнете негде…

22. Или да се соблечете боси.

23. Кога ќе си речете себеси дека никогаш повеќе нема да носите штикли.

24. Само за повторно да ги облечете.






























