Претходно
24 нешта кои ги помислуваат жените кога се облекуваат
Секое утро сме робови на истата рутина: будење, пиење утринско кафе, јадење, туширање и секако нервен слом околу тоа што ќе носиме денес проследен со планина од облека на креветот. Иако со ваквата одлука се сретнуваме секој ден, сепак некако облеката успева да нѐ изненади. Зошто? Па затоа што едноставно сме жени и СЕКОГАШ НЕМАМЕ ШТО ДА ОБЛЕЧЕМЕ. Еве детален приказ за тоа кои мисли ни поминуваат низ главата пред да нѐ видите тип-топ средени.
1. Додека се туширам имам доволно време да смислам што ќе носам, па така брзо ќе се спремам.

2. Хм… би било убаво да облечам нешто слично на она што го носеше Миранда Кер, камел здолништето со таа белата кошула. Боже колку совршено ѝ стоеше!

3. Ах колку посакувам да имав јас такво здолниште, и таква кошула и такво тело. (почнуваат да течат солзите)
4. Добро добро, ќе смислам што да носам пред огледало, вака не оди.
5. О не, О НЕ! ОВА Е КАТАСТРОФА! ЈАС НЕМАМ ОБЛЕКА! ЈАС ВООПШТО НЕМАМ ОБЛЕКА!

6. Немам облека, а она што го имам дефинитивно треба некому да го подарам или да го исфрлам!
7. Па, добро ќе носам фармерки и некој џемпер веројатно?
8. Чекај. Чекај… зошто изгледаат како само што да биле испрани? Не сум простирала алишта три недели, па нема шанси да се испрани. Не. Можам. Да. Ги. Закопчам. (следува каење за изеденото благо вчера)






























