Претходно
18 нешта кои би ги натерале сите анксиозни личности да кажат: „Да, тоа сум јас!“
Тешко е да се живее со анксиозност. Станува збор за состојба што можат да ја разберат само оние кои поминуваат низ неа, бидејќи на останатите им изгледа како нешто глупаво и ирационално. И точно, можеби стравовите и мислите кои им поминуваат низ мислите на анксиозниот личности се навистина глупави и ирационални, но за нив се исто толку реални и вистинити, како што и за вас се вашите секојдневни проблеми. Па, доколку и вие сте од оние кои секојдневно се борат со анксиозноста, тогаш сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниве 18 ситуации…
1. Кога сте сами во вашиот дом, едноставно не можете да престанете да мислите на крадци, чудовишта и духови

2. Често ви се случува кога ќе испратите СМС порака да не добивате веднаш одговор, па помислувате на најлошото

3. Дури и кога само треба да одговорите на порака, вие почнувате да паничите

4. И откако ќе го направите тоа, сфаќате дека сте ја напишале најлошата порака досега и не ви се верува дека сте ја пратиле

5. Во тој момент сфаќате дека вашето пријателство е готово, само поради фактот што сте ја испратиле таа глупава порака

6. Кога конечно ќе добиете одговор на пораката и сè ќе ви изгледа во ред, едноставно нема да можете да сфатите што се случило

7. Пред да излезете, вие опсесивно проверувате дали сите уреди се исклучени од страв да не ви се запали домот

8. Кога ќе стигнете до автобуската станица, ќе почнете да размислувате дали навистина сте го исклучиле шпоретот, иако 100 пати проверивте, и не сте го користеле од претходниот ден

9. Дури и малите нешта можат да поттикнат анксиозна реакција, на пример, заглавени сте во сообраќај и има шанси да доцните на работа по што ќе добиете отказ и ќе го изгубите домот…

10. Или пак, кога треба да правите повеќе нешта паралелно, и едното од нив во старт тргнало погрешно

11. И секако, да не заборавиме на фактот што им се јавувате на најблиските постојано, со цел да се погрижите дека се во ред

12. Вие сте познати по ирационалните мисли кога некој доцни на средбата со вас

13. Дури и да изгледате нормално однадвор, однатре најчесто изгледате вака:

14. И најчесто кога сте анксиозни вие се променувате и станувате како еден вид слаб и плачлив Халк

15. А доколку не паничите, тоа значи дека неодамна сте имале напад на паника – тоа може многу да ве истроши и потребно ви е време за полнење на батериите

16. И да, сте пробале да медитирате… Но, тоа никогаш не ви помага!

17. Најчесто не ни има конкретна причина зошто се чувствувате анксиозно, па само чекате да ви помине оваа состојба

18. И поминува. Чувствувате мир конечно. Но, потоа сè почнува од почеток…






























