Најубавите цитати за личен напредок: 9 будистички изреки за мудроста, среќата и слободата

Кога ви е потребна мотивација и поттик да продолжите понатаму на патот кон успехот, работењето на сопствената вредност, исполнувањето на целите и соочувањето со секоја пречка и предизвик, тогаш прочитајте ги овие 9 цитати кои во својата содржина ја кријат тајната на животната мудрост. Запомнете: Силата е во вас, сѐ што треба да направите е само да верувате.

Најубавите цитати за личен напредок: 9 будистички изреки за мудроста, среќата и слободата

1. Мудроста е таа која овозможува да ја напуштите малата среќа за да постигнете многу поголема.

2. Како што јасминот ги исфрла своите овенати цветови, така и вие исфрлете ја својата омраза.

3. Дури и оние кои живеат чесен живот може да патат, сѐ додека нивните дела не донесат плодови. Меѓутоа, кога плодовите ќе созреат, радоста и среќата се неминовни.

4. Со мир победете го бесот, со добро победете го лошото, со дарови победете ја скржавоста, а лагите со зборот на вистината.

5. Ако ви зборуваат гласно, тогаш стишете се како напукнат гонг. Да не возвратите е знак на слобода.

6. Ослободете се од минатото, ослободете се од иднината, ослободете се од сегашноста. Со срцето кое за ништо не се фаќа ќе стигнете до место кое е надвор од патењето.

7. Ако човекот направи добро, нека го повтори тоа и нека ужива. Пријатно е натрупувањето на добрината.

8. Подобро е да се победите себеси, отколку другите. Оној кој себеси се скротил, секогаш ќе живее воздржано. Таквата победа ниту едно друго суштество не може да ја претвори во пораз.

9. Не потценувајте ја силата на изреката: „Ништо од тоа нема да биде.“ Капка по капка и ведрото ќе се наполни со вода, а мудриот себеси со добрина, дури и ако ја собира малку по малку.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар