14 знаци кои укажуваат дека сте оптимистички песимист

14 знаци кои укажуваат дека сте оптимистички песимист

Луѓето најчесто се делат на оптимисти и песимисти. Но, доколку вие не се пронаоѓате во оваа категоризација и понекогаш мислите дека сте и двете, тогаш прочитајте ги следниве знаци кои укажуваат дека можеби сте оптимистички песимист.

14 знаци кои укажуваат дека сте оптимистички песимист

1. Фразата „Надевај се на најдоброто, подготви се за најлошото“, е вашето животно мото.

2. Секогаш кога „најлошото“ ќе се случи, вие викате кон најдлабоките делови на јадрото на Земјата, „Знаев дека нема да помогнеш! Ништо добро никогаш не ми се случува!

3. Секогаш кога „најдоброто“ ќе се случи, вие го насочувате погледот кон небото и велите, „Ти благодарам Универзуму, знаев дека нема да ме разочараш! Денес е прекрасен ден!

4. Ако оптимистите се споредувани со сончево време, а песимистите со пороен дожд, вие сте како делумно облачно време со 50% можност за дожд.

5. Пријателите кои бараат совет од вас, најчесто си заминуваат збунети. „Таа порака сигурно не значи ништо и вие сигурно губите премногу време пречитувајќи ја, но од друга страна, тој/таа може и да биде заљубен/а во вас? Најверојатно не. Но, секогаш треба да се има надеж, нели? Но, не премногу надеж.

6. Кога наутро се будите, вашите денови се „виновни сè додека не се прогласат за невини“. Вие секогаш претпоставувате дека денот ќе ви биде лош, но сте отворени за идејата дека може да грешите.

7. Секогаш кога некоја славна личност ќе изгуби контрола над својот живот, вие не сте изненадени бидејќи сте знаеле дека тоа ќе следува, но секогаш сте се надевале дека ќе успее да ги сврти работите во добрата насока.

8. Вие мразите да пробувате нови нешта, како скок со падобран, бидејќи сте сигурни дека сè ќе тргне наопаку, но и покрај тоа вашиот упорен пријател ќе успее да ве убеди да пробате.

9. Доколку сте писатели, секогаш кога пишувате, вие постојано си велите дека никој нема да го сака вашето дело бидејќи е глупост, но подлабоко во вашите мисли вие веќе ја прифаќате вашата Пулицерова награда.

10. Секогаш кога ја гледате ТВ серијата „New Girl“, вие истовремено се поврзувате и со Ник и со Џес и тоа е многу збунувачко за вас.

11. Вие сте секогаш подготвени да им давате втора шанса на луѓето, но доколку повторно ве изиграат, тогаш се збогувате со нив засекогаш.

12. Вие се жалите за сите видови лошо време, но навистина уживате кога ќе излезете надвор и ќе правите Снешко или ќе танцувате на дождот.

13. Вие сте сигурни дека сè е лошо и дека сигурно многу лоши работи ќе ви се случат, но сте убедени дека успешно ќе успеете да ги надминете сите препреки на вашиот пат.

14. Секогаш кога одите во маркет и не сте сигурни дали ви е потребно млеко, вие сепак за секој случај купувате. Ако сте немале, сега ќе имате. Ако сте имале, никому ништо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар