Претходно
14 знаци дека предолго време сте сингл
Едно време беше забавно – излегување до сабајле, одење на работа со подочници, врски за една вечер = врски без обврски… Ама кога ќе помине подолго време, работите малку се менуваат. И вие се менувате…
1. Вчера беше мрсно помеѓу чаршафите – изгубивте пола сендвич. Но, без грижа, заедно е со останатите.

2. Вашите пријатели веќе не се ни преправаат дека бараат љубовен совет од вас.

3. Немате поим како да флертувате. Дали намигнав? Дали тоа беше намигнување? А сега, успеав?

4. Но, се гледате со некого на секои неколку месеци, па кога ќе ве праша мајка ви, можете слободно да ѝ кажете дека сте во врска.

5. Знаете како е да не ја почувствувате топлината на туѓа човечка насмевка со денови.

6. Се плескате по чело секојпат кога некој ќе ве праша: „А излегуваш ли? Пробуваш ли да најдеш некој?“






























