4 совети кои ќе ви помогнат да ги привлечете вистинските пријатели

4 совети кои ќе ви помогнат да ги привлечете вистинските пријатели

Разликата помеѓу каде сте сега и каде сакате да бидете во наредните 5 години многу зависи од луѓето со кои поминувате најмногу од вашето време. Пријателите можат да ви влијаат, да ве убедат, па дури и да ве променат. Повеќето луѓе им дозволуваат на секаков вид личности да навлезат во нивниот живот без да размислат за нивното влијание. Малку луѓе имаат пријатели кои се извор на инспирација и храброст. Но можете да ги привлечете вистинските пријатели со неколку едноставни трикови. Следниве совети ќе ви помогнат да ги најдете и да ги зачувате вистините пријатели и врски.

4 совети кои ќе ви помогнат да ги привлечете вистинските пријатели

1. Бидете свои

Вистинските пријатели се оние кои ве сакаат и прифаќаат онакви какви што сте. Не им е страв од вашите недостатоци, ниту пак се обидуваат да ве променат во личност којашто не сте. Кога го криете вашиот вистински карактер со цел да бидете прифатени, вие сте лажни. Проблемот е што ќе привлечете луѓе кои се фасцинирани од оваа одлика. Тие нема да ве сакаат вас, туку личноста којашто глумите дека сте. Осмелете се да бидете свои. Не срамете се од вашите хобија и фантазии. Разговарајте за она што го сакате и ќе ги привлечете луѓето со истите интереси и мислења како и вашите.

2. Не обидувајте се да бидете премногу добри

Да бидете добри е одлична одлика. Но да бидете премногу добри на сметка на вашиот мир е непотребен ризик. Можете да бидете сигурни дека животот ќе ви се скрати ако се обидувате да ги задоволите сите. Повеќето луѓе нема да сакаат кога ќе престанете да ги прифаќате сите нивни предлози и кога ќе се одлучите да направите нешто различно од нивните очекувања. Но вистинските пријатели не се купуваат со добри дела. Тие се привлечени од луѓе кои не го бараат нивното признание, туку се чувствуваат удобно со нивното мислење без компромис и се доволно храбри да го прават она што сакаат, дури и ако треба да речат не.

3. Поставете си стандарди и држете се до нив

Стандардите и принципите се како граници кои ги спречуваат несаканите личност да влезат во нашиот живот. Принципите се нашата вистина и вреди да се следат. Тие владеат со нашиот животен стил и нè водат. Стандардите и принципите се она што ни помага да одлучиме што е позитивно и правилно, а што погрешно. Не прифаќајте го однесувањето на луѓето кое не се совпаѓа со вашите вредности или верувања. На овој начин ќе ги привлечете луѓето кои ги делат истите вредности и принципи со вас.

4. Продолжувајте да се развивате

За да ги привлечете вистинските луѓе потребно е и вие да бидете такви. Пријателството не е очекување на придобивки од другата личност, важен е и вашиот придонес за развојот на другата личност. Не можете да дадете нешто позитивно или значајно на некого ако не направите позитивна инвестиција во вас. Бидете најдобрата верзија од себе и продолжете да барате начин да созреете. Не барајте придобивки и не очекувајте премногу од луѓето. Бидете најдобрата верзија од себе и ќе ги привлечете оние кои веруваат во истото.

Погледнете и како да ги препознаете себичните пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар