Како ве гледа сонцето? – Најдобриот приказ на ефектот на заштитните креми

Сите добро знаеме дека треба да се штитиме кога се изложуваме директно на сонце, со изборот на облеката, очилата за сонце, шеширите, и секако – кремите со заштитен фактор. Знаеме, но понекогаш нѐ мрзи или мислиме дека нема потреба да се мачкаме бидејќи „не гориме“, „не нѐ пече“, „немаме проблематична кожа“ и слично.

1-kako-ve-gleda-sonceto-najdobriot-prikaz-na-ulogata-na-zashtitnite-kremi

Ако се пронаоѓате во овие изговори, време е за загриженост. Во видеото подолу, кое е направено како некомерцијален експеримент, луѓето биле поканети да си ја погледнат кожата на УВ камера. Глетката е изненадувачка и застрашувачка, но тоа е реалноста на кожата за неколку години. Она што е уште поизненадувачки е улогата на заштитните креми. Како дел од експериментот, на учесниците им било кажано да нанесат крема со фактор и повторно да застанат пред камерата. Па, дали откако ќе го видите ова повторно би излегле на сонце без заштита?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар