14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Додека луѓето сè уште дискутираат за влијанието на глутенот врз здравјето, се докажува дека лебот е изненадувачки корисен во домот, дури и без да се јаде! Може да ви помогне да престанете да плачете додека сечкате кромид, а лебот е и природен производ за чистење во домот.

За да ве инспирираме, ги наведуваме сите можни примени на лебот, покрај неговата консумација. Немојте да го фрлате вашиот стар леб. Можеби нема да го изедете, но секогаш е добра идеја да имате неколку парчиња на дофат поради следниве 14 причини:

1. Отстранете ги спиците кои ви се набоделе под кожа

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Не се обидувајте да ја допирате вашата кожа со игли или пинцети. Ставете малку зовриена вода на парче леб и оставете да се излади доволно за да може да се допира. Ставете го на повредената област и покријте со завој или чиста крпа. Топлата вода ја омекнува кожата околу спицата која останала под кожата, па лебот ќе ја извлече додека се лади и се суши. Лесно е!

2. Освежете ги вашите стари слики

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Мекиот дел од лебот има одлична текстура која му овозможува лесно да навлезе во ситните вдлабнатини и резби. Ова е одлична можност кога станува збор за чистење површини со многу детали, како што се старите слики. Поминете лесно со парче свеж леб по сликата и ќе видите колку прав и нечистотија таа има насобрано. Доколку забележите трошки, користете мека четка за да ги отстраните.

3. Ослободете се од дамките

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Сунѓерестата текстура на лебот е, исто така, неверојатна за чистење дамки. Направете цврста топка од леб без кора и користете ја за отстранување на дамки во кујната или бањата. Се употребува како гума за бришење и нема потреба да се грижите за хемикалиите во производите за чистење!

4. Заборавете на солзите додека сечкате кромид

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Ова можеби изгледа смешно, но е интересно! Ставете парче бајат леб во устата, оставајќи мал дел од лебот надвор од усните. Причините поради која течат солзи при сечкањето кромид се сулфатите што се ослободуваат при негово дробење. Лебот го апсорбира овој гас и создава свеж воздух.

5. Нека тортата остане свежа подолго време

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Ако кој било производ се изложи на отворено, ја губи својата текстура и ќе се расипе со тек на време. Но, лебот може да направи штит помеѓу вашата торта и воздухот! Покријте го исечениот дел од тортата со парче бајат леб и ќе ја задржите свежа подолго време.

6. Неутрализирајте го лошиот мирис од зеленчукот

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Воздухот, исто така, влијае и на вашиот  лиснат зеленчук, дури и кога тој стои во фрижидер. Ставете парче леб во садот во кој го чувате зеленчукот. Ова ќе помогне тој да не се расипе брзо, а  го елиминира и мирисот на скапано.

7. Безбедно соберете ги парчињата скршено стакло

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Волнената ткаенина ќе ви помогне да ги соберете ситните парчиња стакло од скршената чаша, а и лебот има слична текстура. Користете го мекиот дел од лебот како памучна топка и исчистете го местото каде се скршило стакло со поминување преку површината.

8. Направете природен третман на стапалата

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Кога станува збор за природен третман на стапалата, комбинација од јаболков оцет и леб може да направи чуда. Киселите својства на оцетот помагаат за навлажнување на исушена и испукана кожа. Додека пак, порозната структура на лебот ќе остане влажна подолго во споредба со памук или обичната крпа. Оставете ја смесата преку ноќ и покријте ги стапалата со пластични кеси и чорапи. Ќе се разбудите со помека кожа на стапалата, особено на вашите пети.

9. Отстранете го вишокот маснотии од храната

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Лебот лесно ја апсорбира течноста. Поради тоа е совршен за јадење. Исто така, тој е корисен и за работите што не сакате да ги јадете! За да ја намалите маснотијата од супата, сосот натопете го лебот директно со маснотиите. Тој лесно ќе ги апсорбира, па потоа може да ги фрлете.

10. Ги отстранува маснотиите и од ткаенините!

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Лебот ги впива и овие маснотии. Само нежно притиснете со малку леб на намрсеното местото на ткаенината и почекајте некое време. Потоа само исперете.

11. Освежете го исушеното мачмалоу

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Штом мачмалоуто го изгуби мекиот изглед, тоа нема да го има истиот вкус. Но, постои едноставно решение за да му ја вратите свежината. Ставете парче леб во кесата со мачмалоу да отстои неколку денови. Откако ќе забележите дека се свежи, извадете го лебот.

12. Отстранете го вкусот на изгорено од препечениот ориз

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Немојте да го фрлате оризот, иако е изгорен. Најпрво ослободете се од проблематичниот дел и потоа врз остатокот ставете парче леб за да го отстрани мирисот. Никој нема да забележи!

13. Исчистете го блендерот и другите апарати кои тешко се чистат

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Трошките од леб ќе достигнат и до местата до кои едноставно е невозможно да стигнете со вашиот сунѓер. Сомелете парчиња леб во блендерот и тоа ќе направи чудо собирајќи ги остатоците од прав кои се во апаратот. Потоа испразнете го садот и исплакнете. Тоа е сè!

14. Исчистете ги дамките од ѕидот

14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

Мрсните прсти и нечистите детски раце ќе ги извалкаат вашите ѕидови. Можете да се обидете да ги исчистите со сунѓер, но може да останат траги и со текот на времето да се смени бојата на вашите ѕидови. Исчистете го белиот дел од лебот и нечистотиите ќе исчезнат без никаков траг.

Можеби сакате да прочитате и која храна треба да ја избегнувате за да спречите развој на вирусите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар