13 најлоши сценарија кои ќе ви бидат познати доколку работите во канцеларија
Оставивте одличен впечаток на интервјуто за работата која ја посакувавте и конечно се вработивте. Со тоа станавте дел од корпоративната машина во општеството и вашите денови почнаа да изгледаат исто од 8 до 16 часот. На почеток ви беше интересно да имате своја канцеларија, состаноци со менаџерот секој понеделник, проекти со странски клиенти кои ви претставуваа предизвик.

Уживавте да одите на долги ручеци со вашите нови колеги и на забави после работното време секој петок. Меѓутоа, по одреден период станавте презаситени од ваквиот начин на живот. Сè уште си ја сакате работата, но секојдневно ви се случуваат некои работи кои едноставно ве вадат од кожа…
1. Огромните задачи за изработка на оригами кои немаат никакви упатства

2. Кога доцните на здодевните задолжителни состаноци

3. Фотографиите од тимот на кои еден од колегите секогаш инсистира да стои понапред

4. И неделните собири за ручек кога колегата не ви обрнува внимание, туку само седи сам на друга маса со насмевка на лицето

5. Секој четврток кога шефот ве тера со тимот да го спелувате зборот „ETHIC“ за да се покажете пред странските клиенти

6. Кога ќе побарате помош од колешката да го завршите долгиот извештај, а таа го прави следново:

7. Кога ќе добиете имејл од колегите кој вели: „Нема повеќе да користиме столчиња. Нема веќе седење!“

8. А вие одговарате: „Ама мене ми се допаѓаат столчињата. Ве молам не ми го земајте столчето.“

9. Веќе во следниот момент, се будите, столчето ви го нема, а вашите колеги мрморат: „Ти си еден од нас. Еден од нас…“

10. И потоа ве прашуваат дали можете да прочитате нешто од новиот лаптоп и вие не гледате ништо на екранот, но се преправате бидејќи веќе длабоко навлеговте во целата работа

11. Кога на крајот од денот ќе ви кажат сите да ги ставите рацете едни врз други и да ја повторите мантрата на компанијата: „Моќта е во нашите раце.“

12. Кога всушност поим немате што се случува, но сите паднале на вашата глума

13. Освен еден колега, сигурни сте дека тој ја знае вашата тајна!






























