3 совети кои можат да ви помогнат да дојдете до генијални идеи

3 совети кои можат да ви помогнат да дојдете до генијални идеи

Како да дојдете до генијални идеи кои ќе го поттикнат развојот на вашата кариера или бизнис? Клучот за креативноста се состои во стимулирањето на луѓето со кои работите и зголемувањето на нивната внатрешна мотивација. На кој начин можете да придонесете за зголемување на мотивацијата на луѓето во вашата компанија? Прочитајте во продолжение.

3 совети кои можат да ви помогнат да дојдете до генијални идеи

Најдете ги вистинските луѓе

Направете сè што можете за да ги пронајдете луѓето кои ќе покажат страст и интерес за мисијата и целите на вашата организација. Иако не е секогаш лесно да се утврди предвреме, сепак еден од можните показатели би бил талентот и вештините на кандидатот.

Создадете позитивна и инспиративна работна атмосфера

Од голема важност е работата и работните задачи да имаат значење и смисла за вашите вработени. Што тоа значи? Дури и ако задачите на програмерот се состојат само во пишување кодови, сепак проверете дали ја знае и поголемата слика, односно на кој начин кодот што тој го пишува ќе придонесе за решавање на проблемот. Со други зборови, обидете се да им дадете на вашите вработени увид и пристап до голема слика и крајниот резултат за кои придонесуваат нивните индивидуални напори.

Направете стратегија за евалуација и наградување на поединечните заслуги

Обидете се да воспоставите методи преку кои вработените ќе добиваат конструктивен, објективен и искрен фидбек за напорот што го вложуваат во нивната работа. Оставете им до знаење на луѓето од вашата компанија дека нивните идеи ќе бидат слушнати и соодветно оценети и наградени.

Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и за како да го решите проблемот со недостатокот на креативност и непродуктивност.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар