11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно - Part 3

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

8. Дупчиња над ушите

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Околу 5% од луѓето на планетава се родени со мало дупче над едното или двете уши. Интересно е тоа што во САД има 1% такви луѓе, а во Азија околу 10% од новороденчињата ја поседуваат оваа карактеристика. Научниците сѐ уште не ја знаат причината за појавата на оваа особина и нејзината улога, но некои веруваат дека дупчињата се остатоци од жабри на риби.

9. Автостоперски палец

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Автостоперски палец е физиолошки феномен каде што горната фаланга на палецот може да се свитка под агол од 90 степени во спротивна насока од дланката. Оваа способност се должи на присуството на посебен наследен ген и се јавува кај 25% од луѓето.

10. Недостаток на жила

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Спојте ги прстите на едната рака и стегнете го зглобот. Ако не ви се појавува жилата од внатрешната страна на рачниот зглоб, тогаш вие сте дел од 14% од луѓето кои го немаат долгиот мускул на рацете. Овој мускул е дел од атрофираните делови на телото, чија функција исчезнала со текот на еволуцијата. Експертите тврдат дека отсуството на долгиот мускул на раката не влијае на силата на стисокот и на другите функции на рацете.

11. Дарвинов израсток

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Истакнатиот дел што се наоѓа внатре или надвор од увото се вика Дарвинов израсток. Познатиот научник тврдел дека оваа карактеристика е последица на фактот што ушите на нашите предци биле шилести. Се верува дека само 10% од луѓето ја поседуваат оваа особеност и дека тие подобро можат да го чујат гласовниот тоналитет. Овие луѓе исто така слушаат звуци на висока фреквенција и полесно можат да препознаат одредени звуци, дури и во бучни места.

БОНУС!

Може да стекнете некои од гореспоменатите уникатни вештини со помош на вежбање. Секако дека на тој начин нема да се здобиете со супермоќи, но барем ќе ги импресионирате вашите пријатели и ќе ги развиете мускулите.

  • Научете како да ја кревате едната веѓа тука.
  • Ова се инструкциите што ќе ви помогнат да ги движите ушите.
  • Ќе можете да си го лизнете лакотот ако го следите овој совет.
  • Научете да правите трикови со јазикот со помош на овие инструкции.

Во продолжение прочитајте за 8-те значајни делови од телото за кои веројатно не сте знаеле ништо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар