11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Сите луѓе имаат специфични карактеристики што ги издвојуваат од останатите. Станува збор за психички способности што се многу ретки и индивидуални. Но, дали сте знаеле дека и вашето тело поседува многу уникатни особености? Прочитајте кои се физичките вештини и карактеристики што само мал процент од луѓето ги поседуваат и дознајте дали и вие сте дел од нив…

1. Еластичен јазик

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

За да имате еластичен јазик, тој мора да поседува одредена должина и мускулна маса. Покрај генетиката, животната средина исто така може да има влијание на оваа необична карактеристика. На пример, кај Индијците постои голема веројатност да имаат еластичен јазик. Научниците веруваат дека ова се должи на специфичноста на нивниот мајчин јазик. Степенот на јазичната еластичност може да варира. Истражувачите дури и спровеле посебно истражување на оваа тема. 63% од испитаниците успеале да го свиткаат јазикот во ролна, 14% успеале да го превиткаат на половина, а помалку од 1% успеале да го обликуваат јазикот во спирала.

2. Подвижни уши

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Околу 22% од луѓето на планетава можат да го придвижат едното уво, додека не повеќе од 18% можат да го сторат истото со двете уши. Но, ова не било отсекогаш така. Нашите далечни предци можеле да прават секакви движења со овие делови од телото. Тоа е така затоа што мускулот што е одговорен за движењето на ушите некогаш бил многу развиен кај луѓето, но ја изгубил неговата функција со текот на еволуцијата.

3. Способност да се придвижува секој прст на стапалото одделно

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Без разлика колку се трудите, нема да можете наизменично да ги движите прстите на стапалата. Тоа е така затоа што само големиот и малиот прст имаат индивидуални мускули, додека, пак, останатите ги контролираат заеднички мускули. Повеќето луѓе ширум светот без никаков проблем можат да го придвижат големиот прст, но малкумина можат да го сторат истото со малиот. Некои истражувачи ги советуваат жените да не се венчаат со мажи кои можат да ги движат малите прсти на стапалата, бидејќи таквите луѓе ѝ придаваат преголемо значење на нивната лична слобода.

Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар